Search This Blog

Wednesday, January 31, 2007

НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Изразот Национален Идентитет е составен од два збора. Национален (Нација) и Идентитет. Бидејки го разјаснивме поимот Нација – сега да го разјасниме поимот Идентитет.

Идентитет - identity (Latin identitas=ист=повторување на исто , A = A)

Оановно значение на зборот идентитет е во поимот на повторување на исто.

Во психолошка смисла идентитет е трајно осеќање на севкипноста и посојаноста на личноста и покрај промените во неа и околу неа (Личен Идентитет). Осеќајот на идентитетот се формира во детството, но посебно во текот на адолесценцијата – кога настануваат најголеми кризи на идентитетот. Кога личноста си поставува сама на себе прашања како “кој сум јас“, “одкаде сум“, кои се моите стремежи ...

Во социолошка смисла на зборот ... Постојат разни видови на идентитети (расен – полен – професионален – култулорошки – политички – и национален). Идентитет тука се означува како припадност на определена група, професија, раса, политичко движење, нација.

Постојат два блиски поими – но сепак различни (енички и национален идентитет)

Етнички идентитет произлегува од поимот за Етничка група (од грчки, ethnos, "народ") - (engl. ethnic group) и означува одредена група на луѓе – кои делат заеднички идентитет на темел на иста култура, традиција, религија, историја, јазик, етничкото потекло ...)

Етничките групи делат заедничко потекло во континуиран тек на време – т.е. ја делат историјата и иднината на еден народ. Ова се постигнува со генерациско пренесување и примопредавање на заеднички јазик, институции, вредности и традиции ...

Во политичка смисла главна разлика меѓу етничка група и Нација е во тоа што етничките групи немаат суверенитет. Но историски земено поимот на етнички групи е многу постар од поимот на нација – кој е придобивка на поновото време ...

Идентитетот воопшто и националниот идентитет се динамички категории ... се менуваат интерактивно со текот на времето ... значи не се статични ...

Врз основа на разни видови на патриотизам и национализам – на ниво на етничка и национална свест, осеќаите, желбите – во процесот на етничката и националната идентификација настануваат:

* Индивидуален идентитет – е етнички и националн идентитет со кој поединците (луѓето) се поистоветуваат, своеволно - со некоја етничка група или етничка заедница или нација – ги прифаќаат нивните вредности, нивните правила, политичкиот поредок – изразуваат лојалност према неа ...
* Групен идентитет – е етнички национален идентитет со кој некоја етничка група – своеволно се поистоветува со некој етнос или нација, ги прифаќа нивните вредности, традиции, правила, организација ...
* Колективен идентитет – настанува кога помалку или повеќе целото население се поистоветува со некоја етничка заедница или нација – се конституира етнички колективитет (етнички заедници) или национални колективитети (нации).

Внатре во некоја национална заедница - во нејзината политичка заедница или национална држава – ако во една нација е доминантен еден етнос – настануваат:

* Општествени идентитети – во многу подрачја внатре во националната заедница како: јазик, култура, политика, вера, ...
* Етнички идентитети – се прави разлика меѓу идентитет на колективен етнос (етничка заедница како колективитет) и етнички идентитет со кој поединецот или групата се поистоветува со конкретниот етнос, заедница.
* Национален идентитет – и тука имаме идентитет на нацијата како заедница (национален колективитет) и национален идентитет со кој поединецот или некоја етничка група/народ се поистоветува со одредена нација ...

Врз основите на политичкиот систем и неговиот правен и политички поредок – секој народ го организира целокупниот јавен живот... На овие основи настануваат модерните нации – дури и нови национални колективитети и од тука национални идентитети ... Овој процес особено се случува во епохата на модерна ... која е воедно и епоха на модерното гаѓанско општество ... епоха на модерните нации во кој период имаме највеќе процеси на старање на етнички и национални идентитети ...

Стварање на македонскиот национален идентитет е процес кој се одвивал највеќе во 19 век во процесот на таканаречената национална преродба ...

Патот по кој мина македонскиот народ од своето будење па до полната национална афирмација беше толку сложен, што е многу тешко да се спореди со националното будење на кој и да е народ на Балканот. Од пробивот на капитализмот на почвата на Македонија, па до формирањето на македонската нација, македонскиот народ минуваше низ повеќе фази на преобразување што траеја половина век.

Една од најтрагичните околности во кои започна македонската национална преродба беше таа што токму во моментот кога почна да ги дава своите први знаци на посебен живот, во Македонија веќе беа присутни три соседни туѓи пропаганди – кои впрочем трајат до ден денеска. Тие веќе имаа постигнато своја независност и градеа стратегии за ширење на своите држави на сметка на Македонија, додека Македонија т.е. Македонците сеуште се наоѓаа под османлиско турско ропство. Како поволна околност може да се смета дека Македонците за разлика од Србите, Грците и Бугарите не ја започнаа својата национална афирмација само со своето посебно изразито национално македонско име, туку за да се дистанцираат од Грците, тие во првиот момент истапија со општото име на народноста - Словени.

Во едно интервју Академик Блаже Ристовски ке каже - “..нашето национално и државно име не е уставно, туку тоа е етнокултурно и историско. Во последните десетина години во Македонија се појавија различни, главно однадвор инфилтрирани, мислења за македонската етногенеза, за македонскиот ентитет и за македонскиот културно-национален развиток низ историјата. Македонската академија на науките е навистина должна, независно од државно-политичките ставови што најчесто се темелат и врз факти и аргументи што не се познаваат, да се изјасни за овие и за сличните прашања. Повеќепати сум го поставувал тоа прашање усно и писмено. Треба да се знае дека ние сме Македонци, етногенетски создадени од нашата и воопшто и од балканската историја.Зборуваме словенски јазик како писменост наследена од солунските браќа Кирил и Методиј и особено од охридските светители Климент и Наум. Но, ние сме наследници на целата култура и историја на се' што станувало на географско-историската територија што го носела и го носи македонското име..“

Професор Виктор Лилчиќ во еден свој напис Македонски идентитет? ја дава Ретортата на народите кои поминале со вековите наназад низ овие простори - од која реторта потекнува и Македонски идентитет... и вели:
-Многу одамна од Епир, преку Пинд навлегоа воинствени групи на Протомакедонците и ја завладеаја широката земја по сливовите на реките Бистрица, Вардар и Струма.
-Тука се измешаа со многубројните палеобалкански пајонски племиња и тој супстрат во наредните векови го заокружи античкиот македонски ген.
-Потоа дојдоа Римјаните, донесоа помал процент дојденци од околу Медитеранот.
-Во антиката дојдоа разни групи: Хуни, Готи, Авари, Протобугари, Словени.
-Во средниот век доаѓаа Печенези, Кумани, Арбанаси, Срби, германските Саси, Турци и други.

2 comments:

Photo Volan said...

Еве остварувам полека едно ветување кое си го дадов самиот на себе ... да расветлам пред себе некои поими ... кои ги користам во своите постови и написи ...

Почнав со поимот за НАЦИЈА ... па преку поимот за НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ ... да продолжам понатака во идните постови со поимите:

НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ national reconciliation – ДОСЈЕ МАКЕДОНИЈА - Народ - Национализам - Nationalism - Патриотизам - Шовинизам - Иредентизам - Ционизам – Држава – Država - • parlamentarna demokracija – Партија - Civilization - Citizenship - • Constituent countries
• Country • Culture • Ethnicity • Government • Home Nations • Identity • Identity politics • Intercultural competence • List of countries • List of divided nations • List of ethnic groups • List of international rankings • List of people by nationality • Micronation • National emblem • National symbol • Nationalism • Nationality • Nation-state • Race • Society • State • Territory • Tribe - етникум - Etnička grupa - Nacionalnost - Уједињене нације (УН) – kolektiviteti ...

Се разбира редоследот ке зависи од инспирацијата и времето ...

Photo Volan said...

Постов не настана само од мојата глава - во самиот пост ви се дадени линкови од изворите на истражувањето ... Обилно е користен интернетот ...

Ако некаде сум пропуштил некој линк тоа значи дека е ненамерно ... Википедија секако е нешто на што му верувам и го користам ...

Посебноке акцентирам два линк тука:
** NACIJA I NACIONALNI IDENTITET - Petar Korunić
** IDENTITET - Bojan Jovanović

Blog Archive

Site Meter