Search This Blog

Loading...

вторник, октомври 31, 2006

НАСКО ЏОРЛЕВ

Еден од великаните на Македонската народна песна Наско Џорлев – почина на 27 октомври – по подолга болест.

Наско Џорлев е творец на „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Кажи, кажи облаче ле бело“, „Фато мори душманке“, „Дедо мили златни“, „Земи оган запали ме“... и уште стотици песни, синглови, ЛП-плочи и ЦД-а.

Долги години беше предводник на фамилиарниот Бенд – ЏОРЛЕВИ – кој свиреше на многу забави – свадби ... Во последните неколку години кога го притисна болеста – палката ја препушти на своите деца – кои сега предводени од Зоран Џорлев познатиот – виолинист виртуоз на својот инструмент – кој предава виолина и во Средното Музичко училиште. Секако тука е и Софче Џорлева која во групата е соло пејачка – инаку пее и во хорот на Операта при МОБ.

Погребот, по негова желба, е извршен во неговата родна Струмица, каде што во 1932 година го започнал животен пат.

Како внук на Ристо војвода, другар од Кукуш на Гоце Делчев, Наско Џорлев бил воспитуван



и израснат во патриотски дух, што не ретко се изразувал и во неговите песни. Музичкиот талент го води на студии по фолклор во Белград, а по завршувањето се враќа во Струмица, каде што извесно време работи како професор по хармоника и труба. Со формирањето на својот „Ансамбл на Наско Џорлев“, го напушта професорството и тргнува да живее со естрадниот леб, по патишта и турнеи. Како негово откритие секогаш се претставувале видни пејачки имиња на македонската народна песна, како што се Петранка Костадинова, Виолета Митева, но и Уснија Реџепова, а и инструменталистот Ферус Мустафов. Со последното кажување добра ноќ на Наско Џорлев останаа песни, кои неговиот син Зоран Џорлев ги смета како аманет за да бидат изведени.



Во продолжение еве дел од неговите песни, кои ке останат длабоко запишани во народното паметење – а некои од нив се со придевка НАРОДНИ – иако се творечки од Наско Џорлев.

НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!

За визното гето - во кое се наоѓа Македонија – која културно – историски и геогравски припаѓа во ЕУ – многупати пишував. Види линкови 1,2,3,4,5,6,

Ние имаме едно природно право кое ни е повредено - а тоа е правото на слободно движење.

ЕУ е секаде околу нас. Ние без да стапнеме на ЕУ територија не можеме да одиме никаде. Не барам никој да ми даде милостиња - тоа е наше природно право.

Одсекојпат сметав дека осем исполнувањето на техничките услови за безвизен режим со ЕУ (соодветен пасош, соодветни гранични премини, договори за реадмисија со земјите на ЕУ и незнам што се уште) – мораме да вршиме притисок и со други средства – разни кампањи – протести па ако треба и големи митинзи.

Вакви кампањи - имаше и во минатото – но недоволно агресивни ...

Македонија без шенген – затоа што зидови сеуште постојат,

Во мојот напис: Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство – во еден од коментарите реков – направив сценарио како побрзо до симнување на визите – се разбира осем спроведување на техничките прашања:

“... Владата да подпомага и потикне неколку невладини организации да поведат кампања за ова (впрочем ова владата веќе неколку пати го направи - но само за да ја сочува власта).

Потоа излегуваат студентите, учениците (“спонтано“-да учиме од нашите браќа Албанци) неколку дена пред ЕУ канцеларијата во Скопје и десетина пред ЕУ седиштето во Брисел.

Плаќање на реклама на сето ова во некој медиум -
CNN да речеме. И ке видиш дека “спонтано“ процесот ке се убрза...а нашиот национален понос ке порасне бидејки за ова сме се избориле и не ни е поклонето...“

Ако можеме како држава годишно да плаќаме и по неколку милиона евра годишно за визи – тогаш можеме со значително помала сума да си помогнеме самите себе во укинувањето на визниот режим.

На крај на постот Треба да учиме за визите од Бугарскиото искуство повикав:

“...Граѓани на Македонија за ова вреди и да се организираме и да направиме еден симпатичен протес пред зградата на ЕУ во Скопје и пред седиштето на ЕУ во Брислел.

Ејде невладини организации истакните се.!!

Ајде студенска и ученичка младина на Македонија разбудете се сега е моментот за овој притисок до ЕУ!!

Ајде блогери помагајте!!
...“

Еве некој после осум месеци од мојот пост – како да го услиша моето сценарио - како побрзо до симнување на визите и Интернационалните младински организации AEGEE-Скопје и JEF Македонија, потпомогнати од Унијата на Средношколци на Македонија, Сојузите на Студенти на УКИМ, Младинскиот Образовен Форум, Балкан Идеа и Сојузот на Извидници на Македонија, ќе организираат масовен протест против визниoт систем воведен кон Република Македонија.

** Протестот ќе се случува со почеток во 11 часот пред владата на Република Македонија, а целата поворка ќе заврши пред зградата на Европската Комисија на улица МАКЕДОНИЈА, со голема журка.

** Денот на кампањата е внимателно одбран да се совпадне со денот на падот на Берлинскиот ѕид. Денес, Шенгенскиот ѕид претставува опасност во реализацијата на Европската интеграција и ширењето на демократските вредности во Европа.

** Организациониот тим, на 9ти Ноември симултано со Брисел (Преку синхронизација со матичните меѓународни организации со седиште во Брисел), Скопје и други Европски главни градови, ќе организира масивни мирни протести против постоењето на визниот систем.

** Организациониот тим се надева на полна поддршка од Ваша страна, бидејќи рушењето на визниот систем е од државен и социјален интерес на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Организационен тим на кампањата – Виза, ај батали!

Протестот и кампањата наидува на широка подршка од колегите блогери:

Panta Rei * Виза, ај батали!

Кλειστοφοβίа * НЕ, на визите..

waterlily * НЕ на ВИЗИТЕ

волан * НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !! - Виза, ај батали!

Вклучи_се * иницијатива - Виза, ај батали

jadiburek * Виза, јаа данке

Spartak * ПОДДРШКА ЗА АНТИВИЗНИОТ МИРЕН ПРОТЕСТ!!!

VBB * ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

MastermindMK * ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ 9-ТИ НОЕМВРИ

Nearen * ВИЗА - НЕ БЛАГОДАРАМ! САКАМЕ БЕЗВИЗЕН РЕЖИМ!

Кичевчанец - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ 9-ТИ НОЕМВРИ

DUKI * Поема за визите

sting EYE * Стоп за визите!

all_is_half * ДЕВИЗА-БЕЗ ВИЗА

albanac * ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЗИМ

cartOOns * КАРИКАТУРА за визниот режим

Shepard - Студентски протест (искрајно не знам дали тука или подоле да стои твојот пост)

ВИЗА, АЈ БАТАЛИ! VIZA, FORGET ABOUT IT! - (Блог на организаторот)

Блогот на Јован - На протест!

Археолошки дневники vol.2 - Не сакам да бидам уште една тула во шенгенскиот ѕид

alibi.com.mk - Виза, ај батали

Тука ке ги едеитирам сите кои ке ја подржат кампањава и протестот.

Протесто со свои постови го следат и Македонските форуми:

На Идивиди Форум - Виза, АЈ БАТАЛИ!

На Багра - Виза, АЈ БАТАЛИ!!

На Кајгана - Виза, АЈ БАТАЛИ!

На Неарен - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

На МојаМакедонија - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

Марифет - ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВИЗНИОТ РЕЖИМ , СКОПЈЕ 9-ТИ НОЕМВРИ

Има и такви кои од свои причини не го подржуваат протестот:

Блогот на Букаро * среќна ви журка, јас ќе пијам сам!

Мечето Ушко * САКАМЕ ВИЗИ СКАМЕ ВИЗИ САКАМЕ ВИЗИ САКАМЕ ВИЗИ

.аНТИблог - Шо ќе ми е виза - без пари?

Бајкобиограф - Виза: За!

Зомбификација © - „Свадба без тапани“ – со „тапанари“?

Со коментари за поршка на иницијативата на овој пост - или на другите блогови кои пишаа пост со подршка - досега се приклучија:

Vinetu * KIMI s * martin_91 * chote * атака * Јанис * Spartak * OGI SINKO * VBB * MastermindMK * Jakov * Скопски * Nearen * sinner * RIBARO * Arwena * Skopjance * Krapp * Б.Црвенковски * Буч * Natka * Вклучи се * E-Lady * Б.Дечак * ВизаФајтер * DUKI * sting EYE * all_is_half * ДЕВИЗА-БЕЗ ВИЗА * Kukle * Бунка * cartOOns * ADO JEF-Make… * patriota2 *

Што треба да се направи - за успешен протест:

***Сценарио за настапот во Скопје
***Сценарио за настапот во Стразбург - пред Советот на Европа
***Да добиете симпатии меѓу Македонските граѓани - поготово младината - без разлика на националноста ... и симпатии кај сведската јавност ...
***Да воспоставите соработка со огранците на партиските организации - подмладоците на партиите (кои треба да помагаат - но не треба да се појавуваат како организатори на протестот - протестот мора да е граѓански - никако партиски - без секакви партиски обележја)
***Да ги обавестите домашните амбасади за настанот - и релевантните институции и фактори во државата
***Навреме да ја информирате светската јавност и инстуции - за случувањето
***Соодветно и навремено - да се организирате за протестот во Стразбург
(доволен број на луцидни транспаренти - маички и други обележја на протестот ...)
***Да обезбедите дозволи за протестот - за Скопје и за Стразбург
***За протестот во Скопје да обезбедите доволно редари - кои во соработка со нашата полиција ке спроведуват ред
***По завршување на протестот да обезбедите тим кој ке го зачисти просторот од митингот - Ова е многу важно и симпатично ке прозвучи кај нашата а поготово светската јавност.
***Да обезбедите масовност на протестот - со само еден прес е недоволно - треба да имате најмалку три преса - еден во следните два дена и еден на денот пред протестот - и еден после протестот ...
***Да обезбедите учество во ТВ медиумите - каде ке зборувате за протестот ...
***Да обезбедите спонзари за трошковите - можни спонзори се :
- докажаните македонски мецени
- градот и општините
- Акцент Медија - за да обезбедат доволно плакати
***Да се молите на бога за добра карма на протестот - и добро време на денот на протестот ...

Ги молам останатите блогери да помогнат со давање на идеи како да се направи што поуспешен протест ... значи малку “бреинсторм“ молам ...

Најдобрите плакати и идеи за Флаери ке ги едитирам во основниот пост.

** Виза, ај батали!
** ВИЗА НЕ БЛАГОДАРАМ
** СТОП ЗА ВИЗНИОТ РЕЖИМ
** ЗА УРИВАЊЕ НА СИТЕ ЗИДОВИ
** НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО
** СТОП ЗА ВИЗИТЕ
** ДОЛЕ СО ШЕНГЕНСКИОТ ЅИД!!

перо cartOOns
Olesnuvanjeviza(B).JPG

Гласам НЕ, за визниот режим.


Не сакам да бидам уште една тула во шенгенскиот ѕид

Сакам да го срушам.

Па да си помогнеме на самите себе – НЕ ЗА ВИЗИТЕ И ВИЗНОТО ГЕТО !!

Ruta viza aj batali (Medium).jpg
Oficijalen plakat (Medium).jpg

Горрниот плакат е официјален плакат на протестот.

Предвидено сценарио за 9ти Ноември

11.00 Почеток на манифестацијата во 11 часот пред Владата на РМ.
Обраќање до владата како институција, а не политичка партија која е на власт и барање од релевантните служби да им помогнат на грѓаните на Македонија, со забрзување на административните процеси (Конечно издавање на новите пасоши, допотпишување на договорите за реадмисија и електронско поврзување на граничните премини).
11.40 Поворката ќе почне да се движи по улицата Илинденска, преку Орце Николов, и ќе скршне лево на улицата Димитрија Чуповски. На пресекот со улица Македонија, поворката ќе сврти десно кадешто во 12.20 ќе заврши пред Делегацијата на Европската Комисија во Скопје.
На улица Македонија пред споменикот на Мајка Тереза, поворката ќе ја пречека импровизирана граница и граничари кои треба да го симболизираат нашиот влез во земјите од Европската Унија.
12.20 Пред Делегацијата на Европската Комисија ќе ги потсетиме релевантните Европски фактори, дека Македонија и нејзините граѓани несмеат да бидат колатерална штета во бирократскиот систем на Унијата, и ќе биде испратена порака до Амбасадоро Фуере, од кого се очекува истата да ја пренесе до соодветните тела на Европската унија.
12.20 Поставен е импровизиран визен ѕид на кој граѓаните ќе можат да ги остават своите забелешки.
12.40 Се очекува да се обрати Амбасадорот Фуере.
12.50 – 13.30 Музички бенд, под мотото Не играј пред амбасада, играј на подиум, како потсетник на понижувањата со кои се соочија Играорците од Битола минатата година кога беа натерани да играат за да добијат визи пред Амбасадата на Обединетото Кралство.
13.30 Протестот завршува.

понеделник, октомври 30, 2006

АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО – втор дел

Беше и помина најаважниот двегодишен собир на македонските Археолози - Од 25 до 28 Македонските Археолози се на симпозиум во Делчево - во организација на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) - подпомогнати од Министерството за култура.

Досега во јавноста излегоа само два написа во дневната штампа. Едниот беше на весникот Вечер За новите откритија и старите диви копачи и другиот на весникот Дневник Штитовите се од некропола голема колку Кавадарци.

И толку. Дали МК Археолози се затворија во самите себе. И си дискутутираат меѓу себе за случувањата во МК Археологија. Зошто симпозијумот не беше искористен да се промовираат некои најнови откритија на МК Археологија – како штитовите од Бонче – или незнам кој друг наод.

Ако наодите не се документираат и јавно презентираат – тие се повторно мртви наоди – како да се сеуште под земја. Иако се извадени од под земја тие стојат “трезорирани“ во разни магацини и далеку од очите на јавноста (како стручната така и обичната).

Ако за ископувањата не се прават извештаи – кои јавно ке се достапни на нашата и сведска јавност – тогаш МК Археолози не си ја завршиле работата. А подобро преставување и поефтино од интернет представување здравје. Само треба сајт и неколку познавачи да го полнат и освежуваат сајтот. Секако сајтот треба да биде на Македонски и Англиски – за да се проверуваат наодите во јавноста паралелно во светот и кај нас.

На интернет нема ни еден таков наш сајт – за разлика да речеме од Грција, Бугарија, Србија, Италија и да не набројувам. Па после Цацко ни бил крив. Некој ни го крадел иденитетот....

Евешто има на интернет од МК сајтови.

Сајтот на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) – кој е пресиромашен, за парите што ги добива за таа намена. Иако се организатори на симпозиумот – нема три збора за него !!??.

Освежување е web страната на Студентско Археолошко Здружение АКСИОСно тоа е само студенско ангажирање.

Во недостаток на други релевантни извори ние МК-Блогери – па и не само ние, за случувањата во МК Археологија дознаваме од Дневната штампа која одвреме навреме пишува за некој настан. Но тоа што го пишува по весниците е за потреба на весникот – што поголема читаност и тие ги користат шпекулативните информации и пишуват само кога во настанот се содржи афера. Добро има и афирмативни текстови. Секоја чест за таквите.

Честа на МК Археологија на интернет просторот во Македонија ја брани Археолошкиот дневник на извесна – Арвена. Останатите археолози бегаат од интернет – предпоставувам затоа што се или Интернет неписмени или недоволно стручни за да пишуваат јавно. Arwena има свои паралелни блогови и на Блогспот и на Блогер, но сепак навеќе е присутна на Блогерај. На Блогспот - Arwena пишува во последно време на Англиски што е многу значајно за светската промоција на МК Археологија.

Единствена добра Интернет презентација од некое случување од МК Археологија е Meeting “Prevention of Illicit Traffic and Other Illegal Actions
Related to Cultural Properties” - Hotel “Metropol” - Ohrid, March 15-18, 2006
.
Тука двојазично се презентирани сите дискусии и целиот настан е одлично интернет покриен.

Значи знаеме и можеме, ама не сакаме. Зошто ??!

петок, октомври 27, 2006

АРХЕОМАФИЈА - МК

Сите мои написи во врска со темава можете да ги пронајдете по линковите на последниот пост на темата: АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)

Сега сакам да ви преставам три написа на весникот Време, кои се пишани во периодот крај на 2005 и почеток на 2006.

1.МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (1), Молчи и копај, парата е добра!
2.ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (2), Што сакаа да откопаат Фрчкоски, Владо Поповски и брат Љубе?
3.ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (3), Крадењето на црквите „ад акта“

Постов е малку долг – но оној што го интересира темава секако ке го прочита. Се надевам дека на Симпозиумот во Делчево (од 25 до 28 овој месец) нашата Археолошка фела ке ги допре и овие теми.

Написите се пишувани од

Надица Апостолова и
Маја Пандева

Надица Апостолова

Во првиот напис МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (1), Молчи и копај, парата е добра! – авторките на написот велат:

Тој што ќе го пронајде гробот на Александар Македонски ќе стане безмерно богат. Така барем веруваат луѓето што го бараат некаде на Беласица. Упорно се трага и по пленот на Александровата фаланга, донесен од освојувачките походи, но и по гробот на ќерката на царот Самуил, за кој се верува дека е некаде во преспанскиот регион. Тони и тони злато се кријат под оваа наша македонска земја, а археомафијата се труди да ги пронајде и да ги откопа.“

Понатака во написот ги посочуваат ударните локалитети:

Диви копачи, дилери, археолози, нарачатели и колекционери - сите заедно, предводени од недопирливите босови на археомафијата, смислено, систематски и организирано ја пребаруваат нашата земја, трагајќи по непроценливо богатство. Ударни локалитети се Исар-Марвинци, Милци, Вардарски рид, Каракуш во близината на Дојран, Требеничко кале, Вајтос, местото Рамне на Галичица, Стибера во Прилепско, Гарван-пештера во Тиквешијата и многу други, кои не се евидентирани во археолошката карта. На овие локалитети секој трага според својата приказна.“

Исар-Марвинци е нашата најпозната дивокопачка „сага“. Полицијата се сомнева дека денес локалитетот го контролираат две организирани банди. Локалитетот не е добро обезбеден, па тие непречено работат. Инаку, „заслугата“ за откривањето на овој „мајдан“ му припаѓа на извесен Б.П., сопственик на неколку златарски дуќани и главен бос за валандовскиот регион. За него во 1993 година биле раскопани и уништени 900 некрополи (гроба), кои датираат од железното време па до доцната антика. Б.П. во неколку наврати бил откриван и кривично гонет, но секогаш се извлекувал.“

“ Галичица е национален парк, но и цел на дивите копачи. Таму се трага по гробницата на ќерката на царот Самуил и по сарајот на жената на еден познат бег од Охридско. Месното население од Велестово кажува дека во месноста Рамне се копа ноќе, со мали липкери и со детектори - се бара злато, а местата брзо се камуфлираат. Градината Вајтос, локалитет што се наоѓа меѓу селата Вевчани и Октиси, ја контролира месното население. Тие се поделени по атари и трагаат по злато. Никој никому не смее да му се меша во атарот, а молчењето е поскапо и од златото. Секој обид да ги испровоцирате да проговорат останува безуспешен и опасен.“

Понатака во написот авторките на написот – зборуваат за вредноста на пооделниот тип артефакти:

Продажната цена на еден сантиметар од бронзените фигури и од раритетните теракоти на нашиот пазар денес е 1.000 евра, а на странскиот пазар дури 1.500 евра

Авторките биле амбициозни и во интервју со Драган Несторовски, виш инспектор во Секторот за насилен криминал во одделението за организиран криминал при МВР, еден од двајцата инспектори во државава задолжени да се справат со археомафијата – посочуваат:

Се проценува дека бројот на луѓето вклучени во „бизнисот“ (не сметајќи ги организираните групи од Бугарија, Грција и од други држави) е стравотен. Тешката економската ситуација мами многу луѓе, меѓу кои и чесни земјоделски семејства, да се вклучат во потрагата по брза заработувачка. Но, сепак, јавна тајна е дека на целата работа и кумуваат и археолози. “

Нашето истражување покажа дека археомафијата со децении е поврзана со државниот врв. Распродажбата на македонското археолошко богатство се толерира, па дури и се поттикнува. Високи политички личности директно раководеле со некои диви ископувања. Археолошки архиви намерно биле уништувани. Неколку големи акции, во кои се запленети предмети, се спречувани, а одземените предмети дури брутално им биле враќани на арамиите. Таа практика, за жал, трае до денешен ден.“

Во продолжение на првиот напис авторките посочуваат каде по нивно сознание завршуваат артефактите:

Дивите копачи не се само орудие во рацете на мафијата. Тие учествуваат и во менувањето на историјата на Македонија. Грците, со кои спориме за името, преку дивите копачи ги исцрпуваат сите можни докази од железното време, период за кој најмногу се заинтересирани, за да докажат дека ние сме само словенски доселеници на оваа почва. Станува збор за археолошки предмети од времето на Филип и Александар Македонски. Додека ние ги оставаме нашите локалитети неистражени, поради недостиг од пари, Грците преку своите дилери ја завршуваат работата.“

Во интервју со Илчо Бојчевски, раководител на одделението за превенција на споменичкиот криминалитет при Управата за културно наследство авторките на написот посочуваат:

Во Солун постои откупен пункт, каде што нашите дилери ги носат предметите од железното време.“

“ Познато ми е дека јужниот сосед од буџетот одвојува средства што се префрлаат на катедрата по археологија на солунскиот универзитет. Со тие пари се ангажираат соработници и транспортери и со помош на овдешни, локални луѓе, тие доаѓаат до вредни артефакти. Практично, црниот фонд им е во функција на целата политичка борба против нас.“

Горново е зајакнато со изјава на Милан Ивановски, археолог, советник-конзерватор во Националниот конзерваторски центар. – кој посочил: “ Додека Грција сестрано ја помага науката, на нашите институции фактите им бегаат од рака.“

На крај на овој напис – авторките завршуваат со:

И ние имаме Институт за археологија, но тој е интерен, факултетски, нема пари и право на самостојно истражување, ниту археолошки збирки. Неговата моќ е неспоредлива со онаа на јужниот сосед.

По толку врева против дивото копање, на Исар-Марвинци и понатаму се „работи“, на некои локалитети дури и со липкери, а Македонија од бандите диви копачи ја чуваат вкупно двајца инспектори


Во вториот напис: .ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (2), Што сакаа да откопаат Фрчкоски, Владо Поповски и брат Љубе? – авторките даваат сторија во која во копањето по археолошките локалитети се вклучени наши тогашн видни политичари- кои организирале потрага по скриено богатство на некој локалитет меѓу Радовиш и Штип.

“За оваа намена беше набавен детектор од 100.000 долари и не беше дозволен никаков пристап на теренот. Откако беше направена огромна штета и беа уништени три тумули, тие се повлекоа, а нам, за да ни ги затворат устите, ни доделија средства за санирање и за истражување на локалитетот - сведочат археологот Милан Ивановски и инспекторот Илчо Бојчевски.

Аферата брзо било забошотена, а по неколку години била повторена истата грешка, овојпат од страна на тогашниот министер Љубе Бошковски. Заведен од приказната за злато што се криело во кратовскиот регион, оставено при повлекување на војската од Првата светска војна, тој почнал ископувања. Но, наместо златото по кое се трагало се нашла руда за правење шамотни печки.“

“ Во 2000 година, на потегот Струмица - Радовиш, според картата на еден струмичанец, требаше да бидат откопани 20 тони златници од времето на Александар Македонски. Замислете, тој поседуваше уредна дозвола од Министерството за финансии за спроведување на оваа акција - вели археологот Ивановски.

Оваа тридневна авантура го чинела дивиот копач 15.000 германски марки и кривична пријава за поткопување на магистралниот пат. Од договорот 20 наспрема 80 од откриеното во корист на државата не излегло ништо.“

“ Но, јавна тајна е дека одвреме-навреме и припадниците на НАТО стационирани во Македонија се врткаат околу археолошките локалитети. Една таква "археолошка експедиција“ на 80 германски војници во близина на Дојран беше откриена од локалната полиција, во април 2000 година. Овој настан портпаролот на НАТО во Скопје тогаш го објасни како „историска екскурзија“. Вакви „екскурзии“ и денес се случуваат пред нашите очи и сведоци сме на културна катастрофа со која се губат многубројни археолошки артефакти.

На крај авторките на написот – ја допираат темата на презентација на артефактите на јавноста и обвинуваат дека:

“... откриените археолошки предмети упорно остануваат далеку од очите на јавноста - само во Стоби има 18.000 такви предмети, кои кога не се презентираат, како и да не постојат!“

“.. познатиот германски археолог Драгендорф, кој во Првата светска војна од дојранско-валандовскиот регион ги однел првите докази од македонското железно време..“

На крај на овој втор напис авторките заклучуваат:

Археолошкото богатство на Македонија еден век се краде и се изнесува во странство. Но, дури денес владее вистинска златна грозница. Помогнати од Македонскиот институт за медиуми, Надица Апостолова и Маја Пандева се обидоа да и влезат во трагата на македонската археомафија. Нивното истражување доведе до единствен заклучок - нашето археолошко богатство и денес систематски се краде, а во тоа учествуваат видни личности, министри, дури и државни институции. Ова е второто продолжение од оваа фасцинантна истражувачка сторија“

Во третиот напис на авторките на овој серијал за Археомафијата во МК - ИСТРАЖУВАЊЕ МАКЕДОНСКА АРХЕОМАФИЈА (3), Крадењето на црквите „ад акта“ – се занимаваат со перманентното крадење овојпат од Црквите и Манастирите во МК.

Нема археолог што не знае за вредните колекциите од предмети од македонска почва што се однесени во белградските музеи, како на пример збирката на Црниловиќ, сега поставена во Манаковата куќа. Оваа богата збирка содржи 20.000 фотоплочи, документи и записи од Вардарска и од Егејска Македонија. Но, за љубов на вистината, треба да се каже дека Црниловиќ пред да си замине од Македонија и ја понудил збирката на државата, но некој моќен решил дека таа не треба да се задржи. Дали тоа се случило сосема случајно?“

Авторките посочуваат дека некој се потруди да уништи доста архиви :

За односот на нашата држава кон културното наследство на овие простори речито зборува и податокот дека во 1972 година тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи (денес МВР) ја уништил целата документација што била водена за уништувањето и за крадењето на црковното богатство - како „застарена и неважна“.

“Вината за одлевањето на културното богатство треба да ја бараме првенствено во односот на државата, велат доброупатените. Според три члена од Кривичниот закон (264, 265 и 266), почнувајќи од 1996 година до денес се поднесени 118 кривични пријави против 222 сторители на вакви кривични дела. Но, тие секогаш добивале само условни казни. Сега имаме нови закони (казните за дивите копачи се од една до десет години затвор, во зависност од делото и од вредноста на изнесениот материјал), но, како што вели народот, волкот влакната ги менува, но не и табиетот. Имаме многу бизарни примери кога кај некои дилери и на аукции биле откривани раритетни колекции од наши локалитети, а на нашите стручњаци не им било дозволено ни да ги откупат. На овој начин е загубена трагата на многу вредни колекции.“

Драган Несторовски, виш инспектор во МВР, раскажува за една случка од 1997 година, кога полицијата добила податок дека ќе се изврши препродажба на археолошки предмети што имаат многу висока вредност.

- Во тридневна рација по домовите во неколку града низ Македонија беа одземени околу 3.600 предмети. Против прекршителите беа поведени судски постапки. Но, да биде иронијата поголема, процесите се одолжуваа додека судските предмети не застареа. Причината беше вмешаноста на влијателни личности. Не само што тие не добија никакви казни туку бевме принудени да ги повлечеме пријавите и да им ги вратиме одземените предмети. Меѓу вратените предмети имаше и вредна нумизматичка колекција, која во тоа време беше проценета на 1,6 милион швајцарски франци - се сеќава Несторовски. “

“ Луѓето искрено загрижени за последиците на археомафијата велат дека постои само еден вистински начин да и се застане на патот - да се засилат легалните истражувања. И покрај сите уништувања, Македонија изобилува со вакво богатство. Добрите познавачи велат дека неколку археолошки локалитети се чуваат во строга тајност, бидејќи кријат старо злато со кое би можеле да се покријат внатрешниот и надворешниот долг на државата. Или да се наполнат многу џебови на мафијашите. Останува да видиме што ќе се случи.“

На крај на серијалот авторките заклучуваат:

Археолошкото богатство на Македонија еден век се краде и се изнесува во странство. Но, дури денес владее вистинска златна грозница. Помогнати од Македонскиот институт за медиуми, Надица Апостолова и Маја Пандева се обидоа да и влезат во трагата на македонската археомафија. Нивното истражување доведе до единствен заклучок - нашето археолошко богатство и денес систематски се краде, а во тоа учествуваат видни личности, министри, дури и државни институции.“

Секоја чест на авторките, мојот наклон и им симнувам капа ....

четврток, октомври 26, 2006

ЛАК И СТРЕЛА

Ова игра како деца ја игравме под пресија на филмовите за каобојци и индијанци. И славниот Робин Худ се разбира. Стрелата беше оружје на индијанците. Многу и романи од Карл Мај прочитав - попосле со таква тематика.

Потешко беше да се изработи Лак. Мораше да се најде некое јако но не предебело дрво кое има еластичност во себе... Дрен беше добар избор ... Но каде да најдеме дрен – тој во падините на Водно растеше но во маалото во која јас живеев (близу Техничко училиште – денешна Универзална) го немаше....

По земјотресот една година бев евакуиран во Словенија Камник (неколку месеци) и Пореч 8 месеци. Камник беше идеално место за правење на лак и стрела. Околу групите на куќи распрскани ваму таму – беа обронци на шума – густа шума и добар извор за материјал за Лак и Стрела. Но наставниците не ни дозволуваа да одиме сами во шума ... Словенчињата некако не не играа ... не избегаваа ...

Вистинските Лак и Стрела ги правев во населбата Бутел еден – каде моите добија барака после земјотресот ... Е таму кај самопослугите имаше остатоци од некаква шума од Багрем – која ја имаше се до некое време – кога поради старост ја исекоа ....

А уште повеќе материјал имав во селото во кое сум роден с. Старо Нагоричане. Пчиња изобилуваше со материјал за лак и стрела ... а за надополнување на сликата ... дедоми имаше прекрасна кобила по име “Ласта“ – која во полн трк – галоп - ме носеше и по неколку километри .... Во трки со коњи сега уживаат само побогатите слоеви а тогаш беше забава за нас сиромасите ....

Интерсно е дека кога ке паднеш од коњ во полн трк (се навалуваш како каскадерите од филмовите) и паѓаш под коњот ... Коњот веднаш се укопува во земја и не се десило коњ да нагази дете кое паднало ... Коњите се многу внимателни животни ....

Ласта ке ја јавнев и за десетина минути галоп бев во река – каде Ласта ке се напасеше на сочните ливади – јас ем ке се избањав во пчиња им ке најдев добар материјал - прав и доволно јак и жилав за Лак и Стрела ...

Потоа брзо ке се вратев на “работното место во селото“ – обично како и секое дете на село и јас добивав по некоја дневна задача (да се заработи ручекот – велеше дедоми) – претежно околу чување на крупниот добиток – неговото терање на паша и поење ....

Дома во двор кај дедоми ке најдев некоја стара жица и ке го оптегнев Лакот. А од тенките но јаки прутја ке направев стрели. На крај на стрелата оној кој беше од напред знаевме да уковаме пресечена шајка и правац чавки (омилени за одстрел) ... Ем доволно големи, ем штеточини ... Брзината на такви Стрели беше голема и знаевме да погодиме чавка дури и на 40 метри оддалеченост ... но се разбира најчесто промашувавме ...

Во меѓувреме (во право пладне – кога сонцето е највисоко) кога на село ништо не може да се работи – знаев често да се најдам во дворот на црквата св. Ѓорѓи – во дебелите сенки под големите багреми - во друштво на добра книга за мојата возраст ... Ех, детство ... најубавиот период на животот ...

АРХЕОЛОЗИТЕ ВО ДЕЛЧЕВО

Од 25 до 28 Македонските Археолози се на симпозиум во Делчево - во организација на Македонското археолошко научно друштво (МАНД) - подпомогнати од Министерството за култура.

На симпозиумот ке се разгледа работењето на МК Археолози - фелата - за археоложките истражувања во последните две години. Се очекува и да се расветлат некои случувања од последниве денови - а тоа е ситуацијат со Епохалниот наод од Бонче и ситуацијата со “дивите копачи“ ....и таканаречената АрхеоМафија (има-нема)

Симпозиумот е отворен за јавност и новинарите здушно ке не информираат што се случува таму ... а очекувам и доста интервјуи и ТВ прилози. Веројатно е поради жескоста на последните случувања дека некои Археолози ке ги фрлат ракавиците и жешко ке пробаат да се разрачунаат со другата страна - поготово во “случајот“ Бонче ...

Таква размена на високи тонови имало и последниот пат на нивната средба - симпозиум кој се одржуваше од 16-21 Мај 2004 год - во мотелот “Вардар“ на самиот локалитет Вардарски Рид. Имено и таму “се фатија за гуша“ .... околу наводното фингирање на наодот на златните маски ....

Сега има повеќе врели теми а и нашата јавност очекува конечно да се отвори списокот од 200 те диви копачи кој го има во Управата за заштита на културното наследство ... имено го најави во интервју за Вечер Јован Ристов - стариот директор на Управата за заштита на културното наследство ....

Секако таму ке се разговара и за чисто стручни и научни теми и начини на презентација на нашето Археолошко наследство.

среда, октомври 25, 2006

АНТИГОНЕА - НЕГОТИНО

Се редат големите археолошки одкритија и предпоставки во Македонија. Тоа ја потврдува тезата – која е и моја дека во Македонија каде и да копнеш има неколкуслоја на историја.

Затоа и чуди инертноста на државата која не го користи ова како можност за развивање на специфичена понуда на туризам ... Археолошко – Црковен туризам ... За ова имам пишувано повеќе пати види линкови 1,2,3,4,5,

Овие денови по епохалното откритие во Бонче и најавата за откопување на утврден град на Филип Втори на локалитетот Киклопски зидини кај Охрид. , враќање на Македонските бронзи од Словенија и нивно представување, следи денешнава најава за откопување на бедемите на Антигона.

Би сакал – искрајно би сакал да имаме секојдневни вакви најави за откритија ... но поради сплетот на околностите – можеби е ова уште еден обид да се рехабилитираат Македонските Археолози – кои поради познатиот случај со штитовите во Бонче беа “обвинети од јавноста“ за вмешаност во таканаречената “Археолошка мафија“ и директна соработка со таканаречените “диви копачи“.

За ова овие денови доста пишував. Види линкови 1,2,3,4,5,6,7,8,

Да се вратам на денешниот напис на Дневник АРХЕОЛОЗИТЕ ПРЕД СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ - Откопани бедемите на Антигонеа

** Масивните бедеми долги сто метри, на некои места подебели и од два метра, ги
натераа археолозите да веруваат дека се на чекор од сензационално откритие - локацијата на античкиот град Антигонеа, од 3 век пред новата ера.

** Откривме стотина метри од ѕидот. Постарите делови од камен и кал биле изградени во хеленистичкиот период, а горните слоеви од бедемот биле наддадени во римскиот период, кога камењата ги спојувале со малтер - објаснува археологот Киро Ангеловски, кустос-советник во Музејот во Неготино, раководител на археолошките ископувања.

** Постари слоеви се' уште не се откриени. Археолозите не се осмелиле да го спуштат нивото на земјата за да не се урнат масивните ѕидини.

** Локалитетот е многу атрактивен. На површината се гледаат остатоци од хеленистичка, римска и доцноримска керамика, од 2 век пред новата ера до 4 век. Според историските извори, токму во тој период живеел градот - вели Ангеловски.

** Акрополата на градиштето зафаќа површина од 5 хектари, а заедно со подградието градот се простирал на површина од 8 хектари. На тврдината археолозите направиле една контролна сонда во земјата и наишле на објект од хеленистичкиот период. Не продолжиле да работат, имајќи предвид дека се наближува зимата и дека нема да има време да го заштитат објектот.

** Од движните наоди, археолозите пронашле стаклени унгвентариуми (мали издолжени шишенца во кои се чувале мирисливи масла), стаклени чаши, керамички луцерни (ламби) од 1 век пред новата ера, фибули (украсна безопасна игла) карактеристични за тиквешкиот регион и две што се сосема некарактеристични за Македонија. Пронајдени се и монети на македонските кралеви. Дел од нив биле пронајдени во осамен детски гроб, во подградието.

** Постојат три локалитети околу Неготино, на кои научниците сметаат дека се наоѓал градот Антигонеа - Чаир рид кај Тремник, неготинско и војшанско Градиште. Според археологот Елеонора Петрова-Митевска, супервизор на проектот, најголемо внимание во археолошката наука предизвикале првите два локалитета, особено неготинското Градиште.

** „Населбата имала континуитет уште од архајскиот период, а нејзиниот вистински процут е сврзан со класичниот и почетокот на хеленистичкиот период. Многубројната сива керамика со хеленизирани форми и реткиот увоз на антички сликани вази укажуваат дека градот најинтензивно живеел во 5 и 4 век пред новата ера. Поврзувањето на локалитетот со Антигонеа изгледа сосема логично“, вели Петрова-Митевска.

** Македонскиот крал Антигон Трети Досон (229-221 г.п.н.е.) ја основал Антигонеа во 222 година п.н.е. за да ја заштитува северната македонска граница. Според Петрова-Митевска, до тој период границата меѓу Македонија и Пајонија веројатно била појужно.

** Во археолошките ископувања учествуваа и археологот Антонио Јакимовски од Музејот на Македонија, препараторот Петар Ризов и академскиот сликар Методија Ангелов.

вторник, октомври 24, 2006

ФИЛИП II - УТВРДЕН ГРАД - КИКЛОПСКИ SИДИНИ КАЈ ОХРИД

Еве ке пробам да одменам еден познат Блогер кој за ова сигурно поубаво ке напишеше ...

Вест открива дека престои Археолошко одкопување на утврден град на Филип Втори на локалитетот Киклопски зидини кај Охрид.

** На самиот влез во Охрид од правецот на Струга, на локалитетот Киклопски sидини започна откопувањето на нов, утврден град, војнички позначаен дури од Самуиловата тврдина. Археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман претпоставува дека градот во 358 година пред нашата ера го подигнал Филип Втори Македонски. Големиот војсководец, според археолозите, ја изградил тврдината кога поминувал на овие простори. Таа опстојувала околу седум века.
** На почетокот од триесеттите години од минатиот век, првите истражувања на Киклопските sидини ги вршеле археолозите Грбиќ, Унверцакт и Келер. Тие откриле питоси во кои се чувала храна и вода, и други археолошки предмети. Не е познато зошто ги прекинале истражувањата, но има претпоставки дека сметале оти градот не бил довршен.

** "Во овој момент ние вршиме подготвителни работи, а ископувањата на овој исклучително значаен археолошки локалитет ќе траат најмалку пет години. Најдобро зачуван е североисточниот бедем од градот. Sидот е долг околу 240, а широк 2,40 метри. Моја претпоставка е дека камењата долги 1.80 сантиметри и широки 90 сантиметри, се носени од ридот што се наоѓа во близината на Филиповиот град", објаснува Кузман.

** Според димензиите, утврдениот град, чии sидини го опкружуваат целиот рид, сместен на околу 800 метри надморска височина, може да се спореди со Самуиловиот град, но стратешки бил многу позначаен.

** "Од врвот на градот, бидејќи имало и подградие, како што претпоставуваме, Филип Втори Македонски го контролирал целиот простор покрај Охридското Езеро. Очекувам за време на ископувањата да откриеме и шест кули околу бедемот на градот и една на неговиот влез", кажува Паско Кузман.

** "Сметам оти претпоставката дека градот не бил довршен не е точна и тоа ќе го докажеме со понатамошните ископувања. Аргумент за тоа ни е златото што го откриле дивите копачи во годините кога овој простор не беше заштитен. Тоа значи дека тука се одвивал организиран живот. Градот опстојувал околу седум века, а бил напуштен кога се промениле тогашните услови", вели Кузман.

** Иако моментно до утврдениот град кај Киклопските sидини тешко се стигнува и со џип, изминативе години дивите копачи го преорувале просторот. На повеќе места се видливи големи дупки каде што се вршени ископувања. Деновиве се очекува да биде пробиен патот до врвот на ридот и ќе се обезбеди и постојана чуварска служба.

Ова не е првпат да слушнеме нешто за оваа смела предпоставка на Археологот Паско Кузмин ... Но во ред е таква смелост треба да има во секој Археолог а Паско Кузман сигурно знае нешто повеќе од мене за ова....

За Киклопските ѕидини на Филип II пишуваше и Arwena ...

Оваа вест – ја најави со краток пост и anaveno - линк тука и уште еден пост линк тука.

ИНТЕРНЕТ АРХИВА НА МК ВЕСНИЦИ – ИНТЕРНЕТ РЕПРИНТ НА СТАРИ ИЗДАНИЈА

Сите ние “зависници од Интернет“ се радуваме на секоја интернет страна со Македонски текст и содржина. Во тоа збогатување на “Интернет понудата на Македонски јазик“ секако огромна заслуга имаат весниците и списанијата – кои веќе неколку години не честат нас зависниците од Интернет со пристап до нивните весници и списанија, дневен пристап...

За мене од особена важност е можноста да ја листам архивата на Весниците – кои на тој начин ми стануваат столбови паметници за настаните од минатотото ... Заради ова сум им многу благодарен ...

Заради нивна потреба – создавање на имиџ им предлагам на веснииците оваа архива да ја збогатуваат со Интернет репринт на содржини од минатото .... И тие а особено ние – ке добиеме можност столбовите на паметење да ги вратиме наназад, во минатото и да ја имаме Македонската историја на дланка ...

Значи огромно е значението да старите изданија на весниците бидат на дофат. Затоа и непријатно се изненадив - дека од неодамна од кога се направи нов дизајн на Интернет изданијата на весниците Вечер и Утрински – нивните архиви до тогаш станаа недостапни ....

Со овој пост ги молам Вечер и Утрински да ја приспособат архивата на новиот дизајн и хостинг и да им биде достапна ... тоа е за добро на весниците а и за наше добро ... Ги молам и другите блогери на кои им е важна архивата на старите изданија на Весниците да ме подржат со свои постови или коментари ...

Навистина представува освежување – новиот дизајн и начин на предсатвување на Интернет изданијата на Вечер и Утрински – но загубата на нивната дотогашна архива е голема загуба за мене ....

Во ова збогатување на Интернет содржини свој удел мора да даде и Државата Македонија. Одамна се залагам да државата направи проект за Интернет репринт на весниците од нивното настанување. Пред се тука мислам на весникот Нова Македонија – која беше државен паметник на случките во Македонската современа Историја ... Ова особено добро може да го направи преку НУБ Скопје (Народна и универзитетска библиотека). НУБ ги има сите броеви од настанувањето на Нова Македонија.

Има и некои весници од предвоена Македонија пред 1945 год кои заслужуваат да добијат Интернет репринт ...

Ова може да биде и добра донација на некоја Македонска мецена ... Во суштина ова и не е некој огромен трошок ... Треба да се купат големи и брзи скенери ... доволно големи за да ја фати цела страница од весникот ... Значи неколу скенери ... неколку компјутери екипа од десетина луѓе ... софтвер мислам нема да е проблем ... и секако закуп на Интернет хостинг .... Добро најголем труд ке биде спајањето на насловите на весниците со скеновите на старите изданија ... Вистинска работа е да се направи препис на весниците ... но тоа би била втора фаза на проектот ... За почеток доволно добро ке биде и само суво скенирање на весниците и ставање на интернет .... Замислите кое добро е тоа за еден Историчар ....

Пример како е нешто веќе направено е Интернет репринтот на МАКЕДОНСКА ИСКРА .



понеделник, октомври 23, 2006

АРХЕОЛОШКА МАФИЈА ВО МК (ИМА-НЕМА)

Во минатите неколку дена ова беше мета на моите истражувања – се разбира на интернет ...

Пишав неколку поста за тоа (види линк 1,2,3,4,5,6,7,8,) ... Ту што постови за кратко време – како опседнат да сум бил од темава – што не е далеку од вистината ...

За темата на постов пишуваа скоро сите весници – и ТВ куќи (посебно Канал 5) а и поедини други блогери – меѓу кои и најактивни беа Arwena и anaveno .

Во написот во Вечер од денеска Фалсификување на античката историја!? – се супроставија два дијаметрално спротивни става:

Едниот на Археологот и директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман – кој вели – “Археолошка мафија во Македонија не постои“

И другиот на доскорешниот директор на Управата за заштита на културното наследство – правникот Јован Ристов: “Археолошка мафија во Македонија постои

Во истиот напис Паско Кузман вели:

“... Грците откупуваат многу предмети од овие простори, ги носат таму, ги презентираат како тамошни, па може да се каже дека ја фалсификуваат историјата. Тоа го прават со намера да акумулираат што повеќе артефакти, за да ги докажат своите тврдења...“

А јас прашувам – ако е вистинита изјавата на Паско Кузман – од погоре – (истото и самиот сум го кажувал како моја шпекулација дека грците без жалење на државните пари купуваат артефакти и ги прикажуваат како свои ...), тогаш кој им ги продде артефактите на Грците - кои Грците ги ставаат во витрините на нивните музеи и во царската гробница во Вергина ?? ...

Понатака во истиот напис на Вечер Паско Кузман вели:

“... Но, нашиот проблем е тоа што воопшто не сме "агресивни" во презентирањето на доказите за нашиот идентитет, вели Кузман. Тој додава дека за "агресивното" пласирање на факти, најмногу треба да биде задолжена МАНУ, но и Универзитетот и професорите...“

Тука длабоку се согласувам со Паско Кузман – треба галама, врева и прав да се крева позади секое ново археолошко одкритие – поготово на крупни откритија – како артефактите од Бонче ... Но галамата пред се траба да се крева веднаш ... и со сите сили ... да не се чека години да поминат – па да дознаеме од истражувачот – архелогот – што тој одкопал и што значи тоа за нашата историја ...

Зошто чекаше на пример година дена нашиот почитувам Археолог д-р Викотор Лилчиќ да ги објави во интервју своите наоди-предпоставки за локалитетот ПЕЛАГОН – ВИСОКА – БОНЧЕ – или зошто државата навреме не му одобри повеќе пари за хитното истражување кое Личиќ го најави пред една година

Искрајно од МАНУ и не очекувам превише – тоа е инертен собир на старци – (погледајте им го нивниот сајт – мртов е со месеци) кои местата во МАНУ ги користат за додатни хонорари ... но од активните Универзитетски Професори и те како очекувам многу ... Затоа и бев изненаден од постапките на дваицата уважени професори за случајот – кои неколку недели молчеа за артефактите, кои им беа “трезорирани“ на факултетот...

Ај да завршам со постот тука – и така сите постови ми се предолги – па во коментарите ке се доискажам ...

ХАКЕРИ НА БЛОГЕРАЈ

За хакерството во Македонија – досега е пишувано .... Одпочеток сите гледавме со симпатии према хакерите – воопшто (барем јас така гледав) .... Но хакерите знаат да бидат многу незгодни ... Впрочем и тие се некој вид крадци ... затоа и со закон е санкционирано хакерството ... (хакерството е казниво според член 251 од КЗ на РМ Оштетување и неовластено влегување во компјутерски систем) ... и со други закони и прописи де ...

-Во Македонија првиот случај е забележан во 1997 година и до денеска се откриени 21 дело и 27 сто рители.
-Овој вид на криминал се шири со голема динамика и со богатство од појавни облици, бидејќи ста нува збор за технологии со голе ми можности и примени во секој дневниот живот.
-Пронаоѓањето на докази во вак ви слу чаи се врши преку "електронските траги" кои се обезбедуваат со вештачења на ком пјутерите.

Горното е извадок од интервјуто со МАРЈАН РИСТЕСКИ, ИНСПЕКТОР ЗА КОМПЈУТЕРСКИ КРИМИНАЛ – во Македонско сонце ... ако имате време прочитајте го ....

Прочитајте уште неколку линкови:

HAKING & CRACKING - Валентин Ѓорѓиоски
“...Во почетокот на појавувањето на компјутерите, односно во почетокот на нивната денешна масовна употреба, „Хакер“ се велело, главно за добро образовани комјутерски ентузијасти, кои имале знаење и вештина да прават со компјутерите, или пак на компјутерите работи, какви што другите корисници накомпјутерите не можеле да ги направат. Кога меѓу таквите луѓе се појавуваат неетички постапки, зборот „Хакер“ почнува да го менува своето значење. ...“

Еве уште неколку интересни линкови 1,2,3,4,5,6, - особено внимание на последните два линка молам ....

Hacker - A hacker is someone who creates and modifies computer software and computer hardware, including computer programming, administration, and security-related items.

  • In computer programming, a hacker is a software designer and programmer who builds elegant, beautiful programs and systems. A hacker can also be a programmer who hacks or reaches a goal by employing a series of modifications to exploit or extend existing code or resources. For some, "hacker" has a negative connotation and refers to a person who "hacks" or uses kludges to accomplish programming tasks that are ugly, inelegant, and inefficient. This negative form of the noun "hack" is even used among users of the positive sense of "hacker".
  • In computer security, a hacker is a person who specializes in work with the security mechanisms for computer and network systems. While including those who endeavor to strengthen such mechanisms, it more often is used, especially in the mass media, to refer to those who seek access despite them.
  • In other technical fields, hacker is extended to mean a person who makes things work beyond perceived limits through their own technical skill, such as a hardware hacker, or reality hacker.
  • In hacker culture, a hacker is a person who has attained a certain social status and is recognized among members of the culture for commitment to the culture's values and a certain amount of technical knowledge.

Има ли Македонија капацитет да открие хакери .... Мислам дека нема ....


Погледнете само колку пати МТ и ОН.нет се нападнати (нивните ДНС сервери) ... ги напаѓаат често .... и ништо .... немам прочитано дека некој хакер од Македонија е приведен и суден ....

Тука се работи за нешто друго .... Почнаа да се жалат одредени Блогери кои имаат блогови на Блогерај – дека нивните блогови се напаѓаат (5,6,) – или неможат некои елементарни работи да направат со својот блог ... неможат да пристапат во администрацијата на блогот ... неможат да се логираат ....Нешто слично и мене ми се случуваше ....

Блогмастерот – секојпат до сега велеше дека не е можно да има ни теоретска можност – преку ПП во Блогерај да добиеш тројанец да речеме – јас и денеска мислам дека е можно и затоа од тогаш ја имам затворена таа опција од Блогерај ...

Можно ли е да истечуваат информации од Он.нет вработените (кои имаат пристап до Блогерајот – внатрешен пристап...) – према некои свои “пријатели“ да доставуваат – информации за “пасфордот“ на твојот блог ....

Се разбира дека од Блогмастерот – нема да добиеме потврден одговор ... Но кој гарантира дека некои болни умови – (способни да изведат хакерски напад ...) да го прават тоа – за да потоа уживаат во мачењето на некој Блогер кој не им се допаѓа .... дури и блогот да му го избришат ако сакаат ...

Приметив во последно време дека мистериозно исчезнаа од Блогерај некои Бугарски Блогови и Блогери ....Не се сеќавам сега на имињата но во коментарите ке ви кажам на кого мислам ....

Денеска на мојот Пост за МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА извесен Бориссс во еден од коментарите го напиша следното:

“...Ке пиша тука, волан (и Arwena), а като го прочиташ избриши го коментарот. Благодарам за поканата на Arwena, ама види се ке си живеа по коментарите. Вземаа ми лозинката и за вторио блог. Ке ми се увеличават само "с"-тата:))). А за што? Уредникот ме одрежа или некоj лут македонски хакер? Това ме интересира. Кажете дека да питам, коjе блогот на уредникот? ...“

Јас мислам дека овој коментар не треба да се избрише - туку Блогмастерот да спроведе истрага – за случајот и јавно да не извести што е работата ...

Јас на времето пишав два поста (види линк тука , тука , тука, каде што подржавав идеја да се игнорира Бугарската пропаганда на наше тло – но никојпат не сум се залагал за бришење ... и секојпат сум бил против вулгарностите кои нашите Блогери ги употребуваат према Бугарските .... веројатно во недостаток на друга идеја како да се справат со нив .... најлесно им е да ги опсујат сочно балкански .... па и да им припретат ??!! – или можеби да ги хакнат ...

СОН ВО БОЈА

Сон е

A dream is the experience of envisioned images, voices, or other sensations during sleep.
1. A series of images, ideas, emotions, and sensations occurring involuntarily in the mind during certain stages of sleep.
2. A daydream; a reverie.
3. A state of abstraction; a trance.
4. A wild fancy or hope.
5. A condition or achievement that is longed for; an aspiration: a dream of owning their own business.
6. One that is exceptionally gratifying, excellent, or beautiful: Our new car runs like a dream.

Види и линк 1,2,3,4,

Не сонувам доста чест ... а и соновите што ги сонам, одвреме навреме брзо ги заборавам... Обично сонувам или се сеќавам на сонот само ако спијам подолго време – поради премореност и неколку пати при крај на спиењето – се бидам и пак заспивамм ....

Што сонувам јас ....

Како дете сонував еден сон кој често ми се навраќаше (повеќекратно сонување на ист сон...) дека можам да летам .... уствари и летав ... навистина само во сон ... да и покасно со авион ...

Потоа повеќепати имам сонувано како некој ме дави и гуши ....

Во младоста (пубертетот – не се сеќавам што сум сонувал ... веројатно меѓу другите сни и ситуации поврзани со моите фантазии ... околку некоја девојка ... или околу нешто што многу го посакувам ... (Има нели и поговорка србска “...шта је баби мило то јој се и снило...)

Сега повторно многу ретко сонувам – скоро и да не сонувам ...

Но прашањето ми беше – зошто секојпат сонувам во црно бела техника – дали е тоа некоја грешка во човековиот мозок – “баг“ на господ – или и за ова има причина ...

Вие сонувате ли и што сонвавте во разните периоди во животот ...

Ок знам дека ова е истражувана појава од Психијатрите ... но јас самиот себе го прашувам мојот мал мозок – а и вашиот зошто соништата се секојпат во црно бела техника .... Или можеби само јас така сонувам ... А да кога сонувам секојпат сонот е пропратен и со глас ....

Еве неколку интересни ликнови за поимот “сон“: 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10,11,12,13,14,

Да некои “сонуваат и со отворени очи – на јаве“ ... тоа се вообичаено: поетите, писателите, уметнците, партиите - воопто творците на имагинации (да замислиш представа која постои само во твојата глава...)

сабота, октомври 21, 2006

МАКЕДОНИЈА Е ВЕЧНА

На блогот на Јован во постот Вистината – Јован посечи:

“...Него друго ми е муабетот, на јутјуб се појави видео кое во 2 минути ја содржи комплетната вистина за Македонија и македонското потекло. Не ни сум знаел дека некои од овие типови биле македонци. Да бидам македонец а да не знам…

Отидов на посечениот сајт и го погледав посоченото видео на јутјуб – На видеото со прикладна воинствена музика се појавува кратката историја на Македонија од Античка Македонија до денеска ... Почнува со Античката Историја на Македонија и тера до денешни денови ... И мене како и на Јован не ми е јасно која е целта на овој видео запис ... и кој го изработил ....
 е вечна 01 - Знамето на кутлеш - со 16 крака (Small).jpg


* Најпрвин се појавува - Македонија е вечна 1 - Знамето на кутлеш – шеснаескракото сонце;
* Потоа оди еден златен ковчег со апликација на шеснаескракото сонце – кое се отвара – и во блесок се појавува растењето на Античката македонска држава на Александар Македонски Македонија е вечна 2;
* Потоа се појавува каунтер на годините на историјата и оди од предисторијата од 7000 п.н.е. до денешното време:
** Македонија е вечна 3 - 6528 п.н.е - познатата фигурина на Големите Мајки Богинки - пронајдени во Тумба Маџари и локалитетот Церје, крај Говрлево
– фигурината излегува првпат со годината 6717 п.н.е.
* Полека се прикажува растењето на тогашната предисторијска Македонија ...
* Македонија е вечна 3 - 4827 пне - со артефакти кои не ги препознавам – Македонија расте и ја зафаќа скоро цела стара Еврока и Мала Азија – и се шири према Русија Карпатите и понатака;
* Македонија е вечна 4 - 3031 пне - со артефакти кои истотака не ги препознавам;
* Македонија е вечна 5 - 966 пне - со Ахил и Тројанскиот коњ – и од Македонија повторно блеснува светлост и се шири државата;
* Македонија е вечна 6 - 797 пне - со Одисеј и Тројанскиот коњ;
* Македонија е вечна 7 - 594 пне - со Александар I – и почнува сега искрата Македонска да се шири према Мала Азија;
* Македонија е вечна 8 - 483 пне - со Еврипид и Ефес ;
* Македонија е вечна 8 - 459 пне - со Хипократ;
* Македонија е вечна 10 - 454 пне - со Хипократ и Едеса-Воден;
* Македонија е вечна 11 - 448 пне - со Пердика II и Едеса-Воден;
* Македонија е вечна 12 - 413 пне - со Архелај и Пела;
* Македонија е вечна 13 - 358 пне - со Аристотел;
* Македонија е вечна 14 - 353 пне - со Аристотел и Хераклеа;
* Македонија е вечна 15 - 348 пне - со Филип II Македонски и Хераклеа;

 е вечна 15 - 348  пне - со Филип II Македонски и Хераклеа (Small).jpg
* Македонија е вечна 16 - 340 пне - со Александар Македонски;

 е вечна 16 - 340  пне - со Александар Македонски (Small).jpg
* Македонија е вечна 17 - 333 пне - со Александар Македонски и Вавилон;
* Македонија е вечна 18 - 328 пне - со Олимпија и Вавилон;
* Македонија е вечна 19 - 320 пне - со Птоломеј;
* Македонија е вечна 20 - 320 пне - со Клеопатра;
* Македонија е вечна 21 - 222 пне - со Диоклецијан и Дубровник;
* Македонија е вечна 22 - 334 не - со Царица Елена и Охрид;
* Македонија е вечна 23 - 401 не - со Константин Македонски ?!;
* Македонија е вечна 24 - 617 не - со Јустинијан и Скопје - Аквадукт;
* Македонија е вечна 25 - 755 не - со Кирил и Методиј;
* Македонија е вечна 26 - 880 не - со Климент и НаумПлаошник;
* Македонија е вечна 27 - 910 не - со Цар Симеон;
* Македонија е вечна 28 - 955 не - со Света Елена – Охрид;
* Македонија е вечна 29 - 981 не - со Светослав Игорович - Владимир Светосавлевич – Киев?;
* Македонија е вечна 30 - 999 не - со Цар Самоил;
* Македонија е вечна 31 - 1083 не - со Владимир Мономах – Киев;
* Македонија е вечна 32 - 1414 не - со Јан Хус – Прага;
* Македонија е вечна 33 - 1414 не - со Иван IV Васиљевич Грозни;
* Македонија е вечна 34 - 1584 не - со Јуриј Далматин - Библија;
* Македонија е вечна 35 - 1584 не - со Петар I ?
* Македонија е вечна 36 - 1699 не - со Михаил Васиљевич Ломоносов;
* Македонија е вечна 37 - 1785 не - со Вук Караџиќ – Београд;
* Македонија е вечна 38 - 1804 не - со Браќата Димитар и Константин Миладинови – Охрид;
* Македонија е вечна 39 - 1871 не - со Људевит Гај – Загреб;
* Македонија е вечна 40 - 1902 не - со Лав Николајевич Толстој;
* Македонија е вечна 41 - 1902 не - со Никола Тесла;
* Македонија е вечна 42 - 1932 не - со Ленин;
* Македонија е вечна 43 - 1945 не - со Сталин;
* Македонија е вечна 44 - 1962не - со Јуриј Гагарин;
* Македонија е вечна 45 - Биди свој биди Македон – за вржува со оваа порака и повторно ковчегот со 16 кракото сонце .

 е вечна 45 - Биди свој биди Македон (Small).jpg

петок, октомври 20, 2006

МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ - КОНЕЧНО

Еве по долго патешествие македонските брози не само што се вратија дома – туку на прес јавно ни ги покажаа ... На сите ни застана погледот од тоа што го видовме .... ни заигра радосно срцето .... колку убави артефакти .... Mакедонски артефакти .... кои не случајно го носат името “МАКЕДОНСКИ БРОНЗИ“ .

За овој случај пишував повеќе пати. На последниот пост ке ги најдете линковите од сите мои стари постови за овој “случај“ – како и на другите блогери ... “МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ“ – се вратија дома

Бронзите дваица струмичани ги ставиле во вреќа со грав и ги понеле со автобус Тетово-Леверкузен за Германија – кај познат купувач Македонец кој се занимавал со продажба на антиквитети ... Фатени се на словенечко Хрватската граница и во судска постапка - одкако напорно докажавме дека се наши - конечно ни ги вратија .... Сега и овие преубави наоди ке ги красат музеите во Скопје Струмица и Гевгелија од чива територија и се ископани ... најверојатно од локалитетите од југоисточна Македонија - Исар Марвинци ....

Се работи значи за цирка - двесте предмети, кои датираа од 6 до 4 век. пр. н. е., поголемиот дел македонски бронзи, накит, керамика, неколку важни монети од времето на Александар Македонски ...
Image1019-1947(Kanal 5)[10] (Small).jpg

Артефактите ги презентираа на јавноста директорот на Управата за заштита на спомениците на културата, Паско Кузман и Илчо Бојчевски, инспектор во Управата.

ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ

“ДИВИ КОПАЧИ = ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ = РОМАНТИЧАРИ“ според Директорот на управата за заштита на културното наследство Паско Кузман (изјава од денешниот прес)

“....тоа се оние луѓе кои што на полесен начин, односно на сметка на ова културно наследство – кое му припаѓа на сите во Македонија ... сакаат да се збогатат ... (Ова е интервју кое Паско го даде на медиумите денеска по повод прикажувањето на јавноста на вратените артефакти од Словенија – кои беа заровени кај дваица струмичани – кои ги понеле во аутобус – во врќа со грав - на пат за познат купец во Германија)

На истото место Паско Кузман во врска со “случајот“ Бронзени штитови од Бонче изјави:

“...По мене никој не е крив – законот не е заобиколен – законот само мало подолго трало ... законската обврска на работите ... и професорите не направиле никакво кривично дело ... Апсурдно и жалосно е ова што се случува ... кривични постапки, кривични пријави .... разни изјави .... не биле овие предмети значајни другите отишле во светот ... се се тоа најголеми ... изјави од најголем вид на глупости ...“

Паско Кузман значи во терминологијата на Македонската археологија воведе нови два тремин РОМАНТИЧАРИ – кој го поистовети со ДИВИ ИСТРАЖУВАЧИ и ДИВИ КОПАЧИ ....

четврток, октомври 19, 2006

БУГАРСКА - АРХЕО - МАФИЈА



Златото й отива



Златният наушник с форма на колесница



Масивна златна бича глава е украсявала диадемата на знатната тракийка



Така изглежда съкровището от Синеморец, когато го разкопават археолозите



Къртовски труд предхожда всяка намерена находка



Векове наред никой не е предполагал, че на това място край морето се крие златно съкровище


По избивање на “случајот“ со Бронзените штитови во Бонче – кој заедно со Arwena и некои други Блогери – засилено го преставувавме на нашите блогови – денеска добив коментар од Анонимен блогер “Борисс“ 19 Октомври, 2006 - 16:46 на постот АРХЕО - ***ИЈА ?! – втор дел – кој напиша:

“...Многото пари са и над културата, и над здравето, и над законот. А во археологиjата ги има. Затоа наj-хубавите старини са во филантропите за нивна фалба и влаговане пари, не во музеjте. Таков скандал имаше и во България при последниот наодник - кон Синеморец. Не бе jасно што е трасила археолошката Агре таму ноштем. Случаjно??? Па не знам. А зашто не са земани по-ран мерки, като е имало сигнали дека се копа могилата?...“

Притоа ми беа посочени и три линка за написи во бугарските медиуми 1,2,3, ...

Борис значи посочува слични примери на злоупотреба на Археолошката професија - и постоење на “Диви копачи“ и во Бугарија ... Па да ги видиме деталите ...

Повеќето од трите посочени напса го разбрав ... еве мала синтеза :

Дека при случајно копање за градежни потреби (инертни материали, за строителни работи) од локалното население е откриен многу важен наод од злато, кои потекнуваат од крајот на трети век пред н.е. (от времето на траките) .....

Значи дивите копачи копале се додека Бугарскиот археолог Даниела Агре - случајно не поминала покрај ископот ....

Потоа копањето го прави зајачана екипа од Археолози под будно око на полицијата – која го обезбедува објектот 24 часа ...

Археолозите сметаат дека тука има кремирано важна личност од тој период – “Тракиска Царица“ ... и поради тоа дел од Артефактите се загорени ...

От името на музея е сезирана окръжна прокуратура, която проверява кой е извършил изкопните работи и с какви разрешения. Значи музејот прашува - бара кој ги вршел ископувањата - до појавата на надлежните ???

При ископувањата имало траги од предходни “диви копачи“ кои ги оштетиле и преостанатите артефакти ... и за нив се води постапка при музејот на Бугарија - Цоня Дражева ....

Инаку локалитетот случајно го открила бугарскиот Археолог Даниела Агре, минатата година на 26 Август - која со екипа археолози меѓу две ископувања заминала да се избања на оближната плажа во Синеморец ... Нешто и светнало во свежо ископаната дупка а имало и искршена керамика ... Веднаш и станало јасно дека се работи за Археолошки локалитет – неоткриен до тогаш ....Го пријавила случајот на надлежниот музеј во Софија и веќе на 29 август минатата година – сензационално одекнала вест за големото откритие ...

Около 180 части от скъпи златни и сребърни накити. - златни съдове, много златни и сребърни накити и култови глинени плочки с изображението на Богинята Майка Земя, почитана от древните траки - златна диадема и златни наушници в добро състояние - изключително ценен венец и комплект златни обеци. - Открити са и сребърни предмети, които ще трябва да бъдат реставрирани..

Е ова е веќе навистина има некаква сличност со нашиот случај ...

ПЕЛАГОН – ВИСОКА - БОНЧЕ

Таман што ги искритикував другите ТВ куќи дека немаат прилози за ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет – еве денеска А1 направи прекрасен афирмативен прилог за сторијата со Бронзаните штитови и заедно со Виктор Лилчиќ д-р, Професор Археолог и новинарот Дарко Штаргоски – се искачија високо на планината- 1470 метри надморска височина - каде Лилчиќ подолго време ги истражува обронците на Античкото кралство – Четвртата Македонска престолнина – 165 години баран стар град Пелагонија

Значи според Личќиќ овој град можно е да се наоѓа на врвот Висока на Селечка планина во Мариово.

Овие наоди според Лилчиќ го надминуваат локалниот значај – не само археолошки и културен – туку пред се Национален и политички ... ги надминуваат регионалните рамки ...

Се наоѓаме на 1470 метри надморска височина – а ова е портата од каде што се влегувало во кралскиот дворец ...(вели Душко Штаргоски – репортер) ... Според првичните проценки таа потекнува од четвртиот век пред нашата ера ...

Ако се докаже ова според Лилчиќ – откритието би било еднакво на откривањето на првата Македонска престолнина, градот Ајга кај планината Олимп во Грција.


Ваков архелошки комплекс (вели Лилчиќ), како што е Висока и подградието на Старо Бонче, со придружните локации како што се Пала чука, Колкот, Плаза, Спаница и други ... зслужуваат еден сериозен пристап – со заеднички сили ...

Професорот Лилчиќ е еден од вмешаните во аферата со пронајдените штитови на крлот Деметриј во селото Бонче, кое се смета за предградие на градот Пелагонија – вели дека морал да ги откупи за да не паднат во рацете на странските држави .

На локалитетот веќе беа забележани трагите на дивите копачи. Ако итно не се преземе нешто за заштита на културните споменици, нашиот идентитет секој ден ке се пренесува преку границите а којзнае колкав дел од него е веќе пренесен...

Морам да признам дека ова е афирмативен ТВ запис на А1 – кој упеа да го натера Лилчиќ на лице место (во овој прекрасен сончев ден) да ги каже своите научни предпоставки ...

Браво за трудот на А1 и Лилчиќ ... Веројатно од нив ке следат и други прилози наредните денови – ке ги следиме ...

Веста како и сликите се превземени од сајтот на А1 телевизија и нивните вести...

среда, октомври 18, 2006

БОНЧЕ

Ако кликнете на интернет Бонче (Google) ... не ке дознаето многу ... Бонче е село во Општина Прилеп. Останатите 727 записи за Бонче се или написи од последните написи по весниците за случајот со Бронзените штитови, или написи – постови од Блогерите....

 ауто карта (Small).jpg

После ова мирните предели на Бонче - (кои се преполни со природни убавини како погодени за селски туризам) - нема да бидат веќе мирни ...

 гогле мапа -1 (Small).jpg

Уште сега ги гледам селаните – мештаните – како со пиво у рака си тераат сеир на сметка на “славните фаци“ од Бонче .... Бидејки ке се организира сега веќе е сигурно идната година обемно истражување – мештаните ке тријат раце – која нива колку ке ја продаваат на државата ....:)

stit bonce-4 selo bonce (Small).jpg

Дефинитивно на Бонче и Бончани ке им порастат акциите - и треба ... нека мислат за селски туризам .... уф колку преубаво место .... Знаеле старите – Античките македонци каде е убаво – мирно и подалеку од патните правци ... Каде ке си ги лечат раните по напорните походи на Александар и другите Македонкси Кралеви и Династии ... Каде ке се раѓаат нови воини ...

Image1014-2309(Kanal 5)[3] (Small).jpg

Дознав од некој од блогерите дека има Старо Бонче и Ново Бонче .... а локалитетот се простирал во правец према соседното село Подмол ... Локалитетот бил некаде на средината меѓу двете соседни села ...

Image1014-2309(Kanal 5) (Small).jpg

Убикација на локалитетот (рече кибицер) е неопходно хитно потребна – а јас предложив во еден од постовите :

Mirko veqanovski vo Bonce (Small).jpg

**Сакам да кажам дека под итно - додека дозволува времето, да се појде на локацијата на споменатата нива (Митко Вељановски од село Бонче...) и да се направат истражувања за рестото од наодите - шлемови - мачеви - копја - евентуални гробници ...и други артефакти кои веројатно се близу до местото на наодот на штитовите ...

Пред се, со иста опрема како и Археокрадците што располагаат - а тоа се скенери за метал ....

Така АрхеоКрадците не ке можат да најдат ништо покасно - сепак тие се само крадци а не и Археолози ... тие копаат само на места каде ке им свирне/сигнализира скенерот за метал ....и уште утре да се околчи локалитетот и ако дозволува времето да се направат пробни сонди и хитни ископувања ....

Се сеќавате на изјавата на Митко Вељановски од село Бонче – кој рече дека ова не е прв наод – дека наоѓат таму ваму парички – некој кип (го опишуваше сликовито – каде ли е кипот) ....

Кликнете Метал детектор (metal detector) или Археолошки метал детектор (archaeological metal detector) и ке видете колку лесно може да се набави метал детектор... Кликнате на e-Bay metal detector и ке видете дека се понудени 1319 типови на детектори со цени од 1000 до 4000 евра и повеќе за најдобрите...

Тука ке аплодирам слики и карти од Бонче и околината – а и од свежо ископаните дупки за кои предпоставувам дека се микро локации на идниот локалитет ...

За истава случка погледните ги и написите од моите стари постови 1,2,3,4, и постовите на Arwenaсекако и многуте веќе написи по весниците ... и прилозите на Канал 5 – кој носи најголема заслуга за медиумското покривање на “случајов“ ... Останатите телевизии не го пратат овој случај ?? ...Bonca arheo karta (Small).jpg


ГОСПОД ...се грижи за нашите артефакти

Насловот од постов е еден мој стар коментар напишан по повод серијата написи на Arwena и волан - во врска со недоволната грижа за заштита на културното наследство.

Имав интересен напис Хипократова заклетва на кој тука ке му направам репринт. Некако зборовите искажани во тој напис - фрлаат светло врз сегашните случувања со Бронзените штитови (види и написите на линк 1 и 2) и Враќањето на артефактите од Словенија ...
IMG_0272 (Small).jpg
Инспириран од milozvucna_s… од постот Безбедноста на артефактите еве тука пишувам свој пост - се со цел да допринесам за освестување на нашата јавност да се зголеми безбедноста на артефактите

Кај нас па и на секаде во светот - неможе ни да се машта за стопроцентна заштита. Но мора да се работи на безбедноста секако...

Во нашиот случај е специфично што ретко се крадат артефакти од музеии - Кај нас си се краде од локалитет - и таквите кражби се најприсутни и во светот. Дури има случаеви на кражби - “сокривање на артефакти“ по дома и од оние лица кои официјално го истражуваат локалитето. “Стручни крадци“ јас би рекол.

Тие знаат кој артефакт има вредност. Тука единствена заштитае е нешто како Сократовата заклета кај докторите. Заклетва дека чесно ке си ја вршат работата...

Не сум Археолог и незнам дали има ваква практика како кај докторите - на колнење во чесноста на професијата, но ако нема еве иницијатива од мене до археолозите...

Инаку кај нас до сега најчесто се крадело осем артефактите од самите локалитети - најчести кражби се на преубавите Икони и Старините по нашите средновековни Цркви и Манастири.

Понатака наша специфика е дека во периодите кога сме немале своја држава, најлегално - владетелте од тогашните државави на нашите простори ги прибирале скоро највредните артефакти кои се од пренослив карактер и ги носеле на “испитување и чување“ во националните музеии (Софија, Белград, Истамбул, Атина...Москва, Лондон, САД...). Секојпат со мотив да се “сочуваат артефактите“.

Дури има случаи на познати (историски утврдени) продавања на културни вредности на наши познати преродбеници. Случајот со Глаголичните списи од нашите Охридски Ресавски школи. Па имаме ситуација иако доста од оргиналните Глаголски списи потекнуваат од нашите простори - кај нас во нашите музеи немаме ниеден Артефакт.

За ова пишував во минатото еве неколку линка:

Што се е одземено од нашите цркви“
За враќањето на артефактите дома - повторно “
Враќање на културното наследство
Како да заработиме од културното наследство “Демистификација на изрази со познато или непознато етимолошко потекло“
Како убив артефакт?
Разнесено културно богатствоБарање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји “

ЉУБОМОРА - НОВИНАРСКА - БИБЛИСКА

Искрајно непотребно го запоставив случајот со откупот на Библијата од Дневник и подарувањето на истата на НУБ-Скопје. Навистина неколку пати коментирав кај Arwena во нејзините постови за настанот:
Библијата останува дома
Дневник денеска ја подарува Библијата
Утрински пишува за Библијата на Дневник
Почит за весникот Дневник

За случајов пишува и други блогери. Линк тука.

Најпрвин да изразам своја благодарност и восхит што Дневник - кој направи ваков подфат - кој обично го прават само мецени .... Браво Дневник ...

Да ... библијата е на вистинскот место во НУБ-Скопје каде најпрво ке биде грижливо конзервирана и трзорирана - и ке биде достапна на нашата и сведската јавност - и ке сведочи за едно време. Верувам дека се среќни и луѓето што ја продадоа библијата - ке можат во секое време да ја погалат повторно и да го осетат духот на своите предци кои купиле ваква вредност ...

Постои голема љубомора меѓу новинарската фела ... и затоа е за поздравување што конкурентски весник Утрински ја подржа акцијата на Дневник ...

Тука докажаа новинарите дека ја надраснаа љубомората и зависта...

Инаку интересен е аспектот - појавата на љубомора кај новинарите - неогласувањето на останатите медиумски куќи и за случајот со штитовите ... Само канал 5 има стории за веста ... другите молчат ...

А и весниците не ја пратат доволно веста ... т.е. вечер и Шпиц ептен се резервирани и се држат на страна - можеби им недостасуваат новинари од таа област или има други причини ... незнам ... сепак е лудно да за така значаен настан медиумите не известуваат ... можеби е само љубомора во прашање или можеби е меѓусебен договор - да онаа куќа која го открила случајот ... има екслузивно право па пишува и јавува некој период ...

Незнам ... навистимна незнам ... а што мислите останатите за ова ... ??

вторник, октомври 17, 2006

АРХЕО - ***ИЈА ?! – втор дел

Работата со ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет отиде далеу ...
Пишав уште еден пост за тоа АРХЕО - ***ИЈА ?! .
Некако се надоврза и постот за “МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ“ – се вратија дома
Тука ми се надоврзаа моите размислувања во мојот пост
МАФИЈА – која си има своја држава.

Бидејки се работи за веројатност дека тука се работи за таканаречената АРХЕО - ***ИЈА – ке повторам дека ако таква има мора да се потпира на неколку столба:

  • политичко-економската олигархија;
  • репресивниот апарат, пред се, полицијата и тајните служби;
  • организиран криминал односно подземје; и
  • државните медиуми и пропагандните институции.

Па така во фељтонот на Време ке најдете напишано дека Македонија има организирано подземје - мафија со мафијашка структура „војници“ и „босови“, но и со силни врски со центрите на државната и политичката моќ.

На база на овие дефиниции и предпоставки ке пробам тука да шпекулирам за можниот начин на органиаација на нашата АРХЕО - ***ИЈА ....

Деметрије I Полиоркет
увећај
Деметрије I Полиоркет

За да еден “Див копач“ биде успешен див копач – мора да има линк познавање од областа на археологијата и историјата .... Добро локалитетите веќе не се тајна за никого... Има добра археолошка карта – во изданија на Академијата на науки ...

Новац од Деметрија Полиоркета. На грчком пише ΒΑΣΙΛΕΩΣ ΔΗΜΗΤΡΙΟΥ (новац од краља Деметрија).
увећај
Новац од Деметрија Полиоркета. На грчком пише ΒΑΣΙΛΕΩΣ ΔΗΜΗΤΡΙΟΥ (новац од краља Деметрија).

Понатака дивиот копач треба да има опрема... Не не мислам тука на копачи, лопати, мотики, метли, шпакли, мистрии и слични орудија за копање (познати кај археолозите) ... Во поново време што е застрашувачко за АрхеоЛокалитетите се копа со Багери и ровокопачи (дури и некои од нашите археолози со титули и на доктори на науки користат багери – што е недозволено во археологијата – замислете си ги последиците од уништен локалитет).... за побрго да се дојде до артефактите .... Тука мислам пред се на детекторите за метал... кои на пазарот се околу 1500 до 2000 евра – и повеќе за подобрите парчиња ....

Дивиот копач е обично маргинален и сиромав селанец кој ниту има познавање од археологија ниту има пари да купи металдетектори ... и затоа се поврзува со оние кои имаат познавање на областа – а тоа се секако пред се македонските археолози – кои или не работат – не се запослени – па така вадат некој денар – или работат но заради малите плати и малите казни нешто пријавуваат во музејот (трезорираат) а нешто продаваат понатака (не се сеќавам за до сега откриен Археолог во круг на Археомафија).

Веројатноста дека пипците на АРХЕО - ***ИЈА одат до врвните институции за Археологија и врвните и најпризнаени Археолози и во институциите за чување на артефакти е многу голема. Ова го потврдуваат двата последни случаи – кои даваат индиции за можност на постоење на АРХЕО - ***ИЈА – тоа е секако случајов со бронзаните штитови а и случајот на Македонската бронза запленета на царина во Словенија....

Каква АРХЕО - ***ИЈА е ако таа не е поврзана со полицијата – т.е со деловите од полицијата кои се задолжени за вакви случаи.

Секако АРХЕО - ***ИЈА мора да има подршка и линк од партиската структура и олигархија која е на власт.

И тука се затвара кругот на внатрешната структура на нашата АРХЕО - ***ИЈА, каде војници се дивите копачи а сите останати се разноиразни “босови“...

Да не заборавиме дека за ова треба да има и купци ... Во македонија осем Трифун Костовски кој јавно откупуваше крстови (направи и добра книга и неколку изложби) друга мецена нема .... можеби потајно да ... Но затоа по странство врие од потенцијални купци кои како филантропи собираат се што ке се најде на пазарот на артефакти .... Интернетот е сега моќно средство за купоподажба на артефакти ...

Ние ја имаме таа несреќа да имаме сосед Грција која стршно многу е заинтересирана да не искочи на површина некој наод кој ке потврди дека и ние имаме право на цивилизациските и историски придобивки на Античка македонија.... Грците како луди купуваат артефакти и тоа организирано како држава со страшно големи фондови на пари .... Затоа и овој последниов наод на штитотовите со апликација на сонцето и со писмен запис дека тоа е од Деметриј II Етолик 239-229 п.н.е - Династија Антигониди. Или можеби се работи за Demetrius I of Macedon или Деметрије I Полиоркет (337. пне. - 283. пне. )

Карта на македонското царство во времето на Александар Македонски
Зголеми
Карта на македонското царство во времето на Александар Македонски

Видете ги само последните меѓусебни обвинувања на учесниците од случајот со штитовите .... Зарем ние немаме полиција и правосудство кој за овој случај не се огласува??!

Кликнете Метал детектор (metal detector) или Археолошки метал детектор (archaeological metal detector) и ке видете колку лесно може да се набави метал детектор... Кликнате на e-Bay metal detector и ке видете дека се понудени 1319 типови на детектори со цени од 1000 до 4000 евра и повеќе за најдобрите...

понеделник, октомври 16, 2006

“МАКЕДОНСКИТЕ БРОНЗИ“ – се вратија дома

Неколку пати пишував за сторијата на Македонските бронзи – кои беа запленети на Словенечката царина пред 18 месеци ...

Стотина бронзи, стари 26 века, кои пред неполни две години беа запленети на словенечката граница, вчера беа вратени дома. Се вели во написот на Време -

ПО 18 МЕСЕЦИ „ЗАРОБЕНИШТВО“
Македонските бронзи се вратија дома

** Предметите се во одлична состојба и сега се наоѓаат во Управата за заштита на културното наследство - вели Илчо Бојчевски, инспектор во Управата, кој ја придружуваше драгоцената пратка.
Бронзите, кои потекнуваат од валандовско - гевгелискиот регион и кои се датирани на железното време, беа пронајдени од словенечките царински служби во автобус што патувал на релацијата Тетово - Леверкузен.

** Возачот е казнет според словенечките закони, а против двајцата струмичани што диво ги ископале бронзите и се обиделе да ги прошверцуваат за Германија е покрената кривична постапка. Интерпол покрена потерница за личноста во Леверкузен, која требало да ги прифати бронзите и да ја обезбеди нивната продажба на црно. Тој е, исто така, струмичанец, но веќе 20 години живее во Германија и има криминална историја - вели Бојчевски.

“Македонските бронзи“ – терминот го уведе чешкиот археолог Јан Боузек уште во 1973 година, поради обемот и значението на македонската бронза.

За враќањето на овие артефакти пишав неколку поста ... Линкови види тука , тука, тука, и тука.

И тогаш како и сега се надвисна сомнеж за Археомафијата – која по разни канали ги продава за ефтими пари Македонските артефакти насекаде по светот – а особено во Грција (Поради големиот и организиран откуп на грчката држава за нашите артефакти – вредни за спорот со знамето името и Идентитетот на Македонија ...)

Имено тогаш во исто време беше организирана изложба на Македонските бронзи во Загреб . Среда 5/18/2005 Автори на изложбата се Страхил Темов и Златко Видески.

"Македонски бронзи" во Загреб

За ова пиѓуваше и Aрхеолошки дневник: Ми дојде преку глава од ова Словенциве.

Многу е сомнително тоа како настана ситуација да имаме изложба на Македонските бронзи во Загреб и скоро истовремено да имаме запленување на скоро исти артефакти на словенечката граница од ист период и од ист локалитет .....

За ова еве неколку корисни линкови:
Конечно украдените артефакти дома

Сократова заклетва кај Археолозите

Што се е одземено од нашите цркви“

За враќањето на артефактите дома - повторно “

Враќање на културното наследство

Разнесено културно богатство

Барање на МПЦ до Владата, да почне акција за враќање на предметите што и припаѓаат на Црквата, а се наоѓаат во другие земји “

Одговорност

Македонија ја крадел кој ќе стигнел

НИЕ СЕ ФАЛИМЕ, СОСЕДИТЕ ГИ ЧУВААТ ДОКАЗИТЕ ЗА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ

Словенија одбива да ги врати македонските археолошки предмети

Некако во продолжение пак изникнува афера со Македонски бронзани штитови овојпат.
Види линкови за ова:

волан: АРХЕО - ***ИЈА ?!

Aрхеолошки дневник: Случајот со штитовите (до сега...)

волан: ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет

MACEDONIAN CIVILIZATION: ....(ПОЛН) ТОП ВЕСТИ..

Aрхеолошки дневник: ТОП ВЕСТИ

Aрхеолошки дневник: Ексклузивни слики од случајот со штитовите - репринт

Aрхеолошки дневник: Штитовите, дел од законот и правата на имателите

Aрхеолошки дневник: Ексклузивни слики од случајот со штитовите

Aрхеолошки дневник: BREAKING NEWS

MACEDONIAN CIVILIZATION: Македонски археолози..

УМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ЈАЗИЦИ

Читајки пост на еден од најпознатите и најпризнаени Македонски блогери Panta Rei - "Филтер - трета инкарнација" - напишав коментар кој еве прераснува во пост.

Убава промоција ...

Како и за економскиот успех - читај неуспех на Македонското стопанство (кое последните 15 години пелтечи и се дави во својата “тесност“ ....), така и на “медиум просторот“ - заедно сосе Интернет просторот е права штета за нашата имагинарност што сме ограничени со фактор јазик кој го користат едвај нешто повеќе од 2.000.000 жители на човечката планета ....

Многу добри ствари и идеи пропаѓаат заради неможноста да те чита поширока публика - целиот свет од огромниот интернет простор ....Само заради тоа е и неможно ние со интернет медиум Блог да речеме да добиеме ситуација од него да заработуваме ... Ок секако тука и Интернет пенетрацијата (читај непенетрацијата) си зима данок ...

Што ми е зборот ... Зборот ми е дека ке мора да ја прифатиме глобализацијата на светот како сведски процес (кој е незапирлив) и да се преструктуираме на време .... и што е многу важно меѓу првите од балканските простори ...

Ако глобализацијата ја прифатиме како неминовност за да се разбираме со светот ке мораме (средството за разбирање - јазикот и писмото...) да го уведеме Англискиот јазик не како втор мајчин јазик туку како “прв“ ....

До сега се залагав дека Англискиот треба под хитно да ни биде втор мајчин јазик а компјутерите и интернетот основна алатка за нашиот економски напредок ....

Сега гледам и се повеќе сваќам - дека тоа не е доволно ... Англискиот под хитно мора да ни стане “прв“ мајчин јазик ....

Многу економски проблеми со тоа оваа наша мала и мила напатена Македонја ке реши - за историско кратко време ....

Секако нашиот мајчин јазик, традиција и историја нема да го заборавиме - ке го негуваме како културна вредност и ке го пренесуваме на следните генерации ...

Уште еднаш повторувам дека процесот на “умирање на локалните јазици“ кои ги зборуваат мали групи на луѓе - при сеприсутните глобализациски прцеси во светот е одамна одпочнат ... Со време треба да го сватиме тоа и да не робуваме повеќе на локал патриотите кои на база на чуството на големомакедонизнмот во последните 15 години направија кариера и пари ....

недела, октомври 15, 2006

АРХЕО - ***ИЈА ?!

Во овој пост ке ви ги представам сите учесници во :


ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет Пронајдени се делови од бронзени штитови стари 2200 години, кои им припаѓале на антички македонски војници во селото Бонче, прилепско Мариово. ... Вредноста на штитовите е уште поголема, бидејќи на нив стои името на македонскиот крал Деметриј, еден од наследниците на тронот на Александар Македонски,... во Грција имало откриени штитови, но штит со име до сега не е регистриран. Името на кралот наведува на претпоставка, дека станува збор за парадни штитови кои им припаѓале на припадници на гардата на кралот Деметриј. ... Повеќето делови од штитовите прилепскиот Завод и Музеј ги има откупено од Мирко Вељаноски, кој работејќи на нива во Бонче ги пронашол и се работи на нивна конзервација, велат во Заводот. Во средишниот дел на штитовите со пречник од околу 80 сантиметри е претставено 12 кракосонце, а наоколу во низа се распоредени 6 помали осумкраки сонца. - а тоа се :

1. Виктор Лилчиќ д-р, Професор Археолог










2. Драги Митревски д-р, Професор Археолог











3. Душко Темелкоски виш кустос во Заводот и Музеј Прилеп









4. Марко Вељановски селанец од Бонче









5. Паско Кузмин Директорот на Управата за заштита на спомениците на културата










6. Жарко “Античарот“ - познат див копач
7. Полицаец од селото Бонче - истотсака див копач ???

Веста ја откри канал 5 во неколку прилози на своите вест . Линкови 1, 2, 3,
Пишува и весниците .... Видите ги линковите 1, 2, 3, 4, ....
Со свои серија постови се огласија и anaveno и Arwena ...
Да пишав и јас нели свој пост ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет .

Значи целта на овој пост е да ги представи сите учесници во Епохалниот АрхеоНаод - кој некако почнува да мириса и на МЕГА-АФЕРА ....

КЛИК КЛАК

Ова не е игра од моето детство - Клик Клак се појавија некаде во седумдесетите години од минатиот век (еј .... минатиот век :))... Но затоа децата што ја играа им одеа на живци на многумина и затоа беше игра што се игра на улица... Сепак имам пробано да ја играм .... Се сеќавам кога некој од постарите ке се налутеше на децата со КликКлак - ке им ја џитнеше на жиците од бандера - сеедно за телефон или за струја ... и така како елки беа накитени жиците ...

Играта ја пријави WeedBoy - и за тоа сум му благодарен ...

** Е вртимушки немаше во мое време, ама па затоа клик-клак или „ракаташки“, како што популарно ги викавме кај мене во маало, имаше и тоа како.

Јас како копиљ, кој страдаше од инсомнија, ќе станев ко вампир во 6:30, 7 саат сабајле и ракаташките во рака и тропав ко луд. После минута-две ќе ме испцуеја од дома и ќе ме пратеа надвор.

Надвор, нормално пошто е 7, немаше жива душа и си лупав колку сакав без некој да ми се качува на курот и да ме замара да престанам (освен еден мрднат старец, на кој се му сметаше и кој кога игравме фудбал се случуваше да не гаѓа со полни тегли мед).

И така ќе поминеше пола саат, саат и ќе дојдеше некое другарче, па ќе се натпреварувавме (демек двобој) кој подолго може да тропа. Победникот после ќе му се качеше на глава на лузерот и дента цело маало ќе знаеше за тоа.

Накај 8:30 ќе се нацртавме пред флиперницата и ќе чекавме да дојде Аџо у 9 да ја отвори и да ги „старта“ флиперите. После тоа цел ден забава.....

сабота, октомври 14, 2006

ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет

Пронаоѓањето на штитовите во село Бонче може да биде ЕПОХАЛЕН НАОД за Македонскиот Идентитет – и за положување на правото на Историското Наследство и Култура од времето на Александар Македонски.... (или барем еден од низата на ноаоди...)


Секако овој наод е важен и за правото на користење на оспоруваното знаме ....(Виргина...) Кое впрочем е распространето и во подоцнежните периоди - низ Македонските Архео локалитети ...


Уште поголема важност има за спорот околу името со Грција ...

Џабе се до денешни времиња територијата на која живееме не се вика Македонија ... Од секогаш така и се викала ... а Словените кои се населиле тука го добиле името по територијата на која се населиле ....

Сакам да кажам дека под итно - додека дозволува времето, да се појде на локацијата на споменатата нива (Митко Вељановски од село Бонче...) и да се направат истражувања за рестото од наодите - шлемови - мачеви - копја - евентуални гробници ...и други артефакти кои веројатно се близу до местото на наодот на штитовите ...

Пред се, со иста опрема како и Археокрадците што располагаат - а тоа се скенери за метал ....

Така Археокрадците не ке можат да најдат ништо покасно - сепак тие се само крадци а не и Археолози ... тие копаат само на места каде ке им свирне/сигнализира скенерот за метал ....

Инаку дали се криви професорите (Драги Митревски и Виктор Лилчиќ) или не се криви - за овој случај треба да се стави по страна ... и да се сконцетрираат сите сили под ХИТНО да се најдат преостанатите наоди од местото каде што се најдени штитовите ....

Поготово што истите професори со години наназат го истражуваат локалитетот во поширока смисла ... на територија мислам ...

Значи да повториме ....

Пронајдени се делови од бронзени штитови стари 2200 години, кои им припаѓале на антички македонски војници во селото Бонче, прилепско Мариово. ... Вредноста на штитовите е уште поголема, бидејќи на нив стои името на македонскиот крал Деметриј, еден од наследниците на тронот на Александар Македонски,... во Грција имало откриени штитови, но штит со име до сега не е регистриран. Името на кралот наведува на претпоставка, дека станува збор за парадни штитови кои им припаѓале на припадници на гардата на кралот Деметриј. ... Повеќето делови од штитовите прилепскиот Завод и Музеј ги има откупено од Мирко Вељаноски, кој работејќи на нива во Бонче ги пронашол и се работи на нивна конзервација, велат во Заводот. Во средишниот дел на штитовите со пречник од околу 80 сантиметри е претставено 12 кракосонце, а наоколу во низа се распоредени 6 помали осумкраки сонца.

Веста за штитовите ја откри Канал 5 ... кој преку неколку прилози - додаде доза на мистерија и можен скандал заради евентуалното непочитување на процедурата – за пронајдени артефакти кои не се на време предадени на надлежните институции музеии...

Од весниците свои прилози дадоа Вест и Дневник ...

Од блогерите веста до сега ја објавија и коментираа за неа anaveno во неколку поста и Arwena истотака во неколку поста ....

ПИШТОЛИ – ПУШКИ

Не сум видел мало машко дете (а богами и женски) кое не се играло со пиштоли и пушки – па шмајзери .... Се прашувам што ги тера децата да се играат со вакви играчки – кои како вистински служат за “убивање на непријателот“ ....

Веројатно е во прашање емитирање на возрасните. Полни се филмовите со “убивање на непријателот“ ... дури и цртаните филмови не се имуни на сето тоа ... Филмската индустрија е полна со приказни за убивање .... Се прашувам зошто ова им се усадува на децата ... зошто се произведуваат играчки и легално се продаваат на деца како играчки, кои во основа имаат задача да убиеш некого ...

Искрајно јас на моите деца никојпат не сум им купил играчка која е пиштол – пушка или друго оружје ....

Јас самиот се сеќавам дека сум играл игри со пиштоли и пушки во играта Камај ... но таму вообичаено прстите ни беа оружје ...

И сега како возрасен - од било какво оружје кое служи за убивање ми се гади ... Се сеќавам во војска некои со милост го грлеа оружјето ... јас одсекојпат осеќав гадење кон него ....

За мене главно оружје на човечкиот род треба да биде разумот и зборот ....

петок, октомври 13, 2006

ДЕТСКА ИГРА - опасна


Се започна како еден вид блогерско истражување ...

Пратејки ги блоговите приметив дека има ново можеби епохално откритеие на полето на археологијата:
12 Октомври, 2006 - 18:06 - BREAKING NEWS

Во слично време и MACEDONIAN CIVILIZATION - пиша пост
12 Октомври, 2006 - 17:37 Македонски археолози.. - но без слики. Сеуште се чекаа вестите на канал 5.

Бидејки имам можност направив неколку слики десетина од артефактите додека одеа на вести и снимка од истиот настан....

Бидејки на Arwena струка и е археологија и препратив неколку слики која таа ги едитираше во репринт пост ... Ексклузивни слики од случајот со штитовите
со трите слики кои и ги пратив ...

Во исто време истите три слики се појавија и на постот кај MACEDONIAN CIVILIZATION
Македонски археолози..

Всушност се работи за една иста слика но другите две кај Македонски археолози.. се идентични со сликите што ги има кај мене на компјутер

Покасно MACEDONIAN CIVILIZATION на постот Архео блог..внимавај.. избаци уште две слики кои се кај мене на компјутер идентични ....

Во меѓувреме anaveno и Arwena разменија меѓу себе неколку коментари кои меѓу себе си ги бришеа .... а јас сватив дека anaveno т.е. MACEDONIAN CIVILIZATION - неовластено упаднал кај мене во компјутер со тројанец најверојатно пуштен преку приватна порака од блогерај .....

И двајцата со приватни пораки го известивме блогмастерот на Он.нет блогерајот ...Блогмастер ... Но од таму нема реакција до сега ... Не упатуваат на полиција ...

Јас баш и не сум сигурен дека ова е рбота за полиција и затоа прво го молев anaveno да се извини за да не ја тераме работата на големо .. бидејки неовластено влегување во туѓ компјутер е казниво дело ... Види коментари во Архео блог..внимавај..

Бидејки anaveno ги затвори сите постови за коментари решив да пишам пост и да ја известам МБЗ - и да побарам совет од вас ... А преку јавното мнение да замолам повеќе да нема вакви детски работи ....

Инаку Arwena направи уште еден репринт на својот пост ... Ексклузивни слики од случајот со штитовите - репринт каде се поведе дискусија на темата ... и каде со неколку коментри допринесов за расветлувње на темата ....

четврток, октомври 12, 2006

ВРТИМУШКА

И ова е една од игрите од моето детство. Тоа беше игра за “побогатите деца“ - ако воопшто имаше такви во мое време - време кога сите некако бевме “подеднакво сиромашни“ .... Време во кое главно детско јадење беше - леб и маст - (немаше маргарин - а маста се мачкаше на лебче и се посолуваше со сол и црвен пипер или со шекер - мраз)...

Имаше еден чичко, кој осем со продавање на вртимушки го видов и во други две улоги во животот:
- “старо куууупујеееееееем“ ( со него не плашеа родителите кога ке згрешевме нешто - многу јак глас имаше...)
- “поправам чадори и острам ножеви“ (чадорите не беа тогаш 70 денари - се поправаа - како впрочем и кондурите “лепење и пенчетирање“ - како и пантолоните и кошулите - кои се крпеа..)

Овој чичко шеташе меѓу зградите и со едно округло колце кое му служеше за оштрење - со две клешти и едно чеканче - вадеше парче леб за фамилијата си ...

Е истиот тој чичко продаваше и “вртимушки“. Тоа беше направа која се состоеше од една округла вртимушка која на на едниот крај имаше шпиц кај што се вртеше а останатото беше во форма на крушка изработена од дрво. Шпицот понекогаш беше од шајка.

Другата справа беше камшик. Кратко парче стапче на крајот врзан со околу пола метар тенко исечена кожа.

Ке ја завртевме вртимушката на рамно - обично тврда земја ... Асфалт немаше - немаше ни патеки и ако ги имаше тие беа калдрми - а бетонот беше прескап за да се употребува како патека .... Првата патека од бетон ја имавме ние - околу нашата зграда ...

Тоа беше патека од метро ширина - околу цела зграда и служеше како изолација од продор на вода во подрумите. На патеката кај олуците имаше мајсторско направен прихват на вода и мало каналче до надворешниот раб на патеката. Патеката ни послужи за многу игри (но за нив во друг коментар)

Да се вратам на вртимушката - ке ја завртиш со рака и после со камшикот ја удираш на долниот крај од вртимушката и така победува оној кој подолго непрекинато ја врти вртимушката ... Колку време се вртеше вртимушката, незнам во тоа време реткост беше да најдеш чичко кој имаше сат - и ако имаше таков тие беа мали сати кои закачени на синџирче стоеа во малото џепче од елекот на чичкото ...

Чичко колку е сат ке прашавме ... а тој полека со значаен покрет на раката, ке го извадеше сатот ... ке го одалечеше од себе и онака со поджмиркање ке погледаше и ке кажеше десет и петнаесет ...пред да го врати сатот во малото џепче ке го погалеше саатот со палецот ... ке не погалеше по главичките и ке си продолжеше ...

Дома сите имавме сати но тие беа од оние робусните - кои кога ке зазвонат ке го пробудат и “мртвиот“. Домашните сати имаа свои места на зидот во мали кутии со стакло напред. До сатот на мала полица обично стоеше и радио - “Тесла“ или некој друг постар модел ...

Побогатите има зидни сати со клаталки - кои на некои позначајни сати 12 или 6 ке кликнеа или испуштеа некој звук толку пати колку што беше саат, а во секој почеток на одреден сат ке кликнеа еднашка (овие сати вообичаено стоеа во ходниците) ....

Во подоцнешните периоди имам видено Вртимушки кои беа од пластика (имаше такви и со батерии кои светкаа) и се вртеа кога ке ги притиснеш надолу и тие со некаков механизам - ке добиееа центрифугална сила и ке се вртеа извесно време ...

среда, октомври 11, 2006

Мојот среќен ден во 2006 број 2

Еве за кратко време ми се случи уште еден среќен ден во оваа година.

Денеска дипломираше на ПМФ керками - и сега е инжињер информатичар. :)

вторник, октомври 10, 2006

ТОПКАТА НА МЕСТО

Нека бие нека бие - ... “Топката на место“ ... Се сеќавате ли на оваа игра – се разбира оние кои ја имаат играно.

Правила. Топка – која стои во средина – група на деца кои се опкружени окоплу топката и едно дете одстрана које изговара едно од – имињата или ник имињата – на децата учесници во играта ... Па вели ...“Нека бие, нека бие ... Јана ... Сите деца осем Јана се одалечуваат од местото на топката – а Јана треба на брзина да ја фати топката и да погоди некое од децата – кое не успеало да избега доволно далеку ..... Победува оноа дете кое последно ке остане непогодено од топката .... и тоа сега е командант за од страна ....

Често имаше и команди – кои беа збунувачки ... Се изговараа имиња на деца кои не учествуваат во играта .... или топката на место ... а децата само залудно трчаа ... трчаа се дружеа и растеа .... Smiling

** Топката на место е игра во која сите деца имаат тајно име кое го шепнуваат на дете кое е определено за водител или наратор. На определен простор стои топката и сите деца ја допираат со прст насобрани на куп околу неа, а водителот(нараторот) по мантрањето „топката на место, топката на место...“ по сопствен избор го извикува тајното име на еден од учесниците. Сите деца се разбегуваат додека извиканиот не ја фати топката со двете раце и рече „Стој“. Сите застануваат кој каде стигнал, а детето со топката треба да погоди некого, со што истиот излегува од игра. Ако не погоди никого, самиот излегува. И така се додека не остане само еден, па тој ја превзема улогата на водител.Smiling - oksimoron

петок, октомври 06, 2006

СКОПСКИТЕ ТРУЈАЧИ

Ни се смачи на сите од “Скопските трујачи“ ... За да заработат некој денар повеќе - во трката за што поголем профит Скопските трујачи - немилосрдно не трујат ... Реакциите на недлежните се НУЛА....

Таканаречените “Невладини организации“ - не реагираат -

како спонзори да им се Скопските ттрујачи .... По сите телевизии,радија, весници се бруи за труењето по Скопје во вечерните часови ... Но надлежни како да ги нема - или спијат ... или се бават сами со себе ... Стални реоргаизации ... Избори ... реизбори ... Се прават тимови и комисии .... Се бараат донации ... се прават проекти ...

Општините заседаваат, донесуваат одлуки во форма на апели а належните органи и министерства си молчат ... Новопечеите газди не трујат и си ги лапаат профитите ... работниците се осакатуваат ... тие сироти се за гревче, ем највеќе ги трурат - ем не смејат да писнат, од страв за работното место .... Тоа е како онаа народната “Ти го тепаш а тој ќути и вика уште, ... а го врти и другиот образ ...

По контактните емисии .... река од јавувања на граѓани ... и пак ништо ... велат да се самоорганизираме ... па луѓе мои зошто ни е тогаш администрацијата, на која и плаќаме даноци ... Некој дебело треба да го папа стапот ... Во светот за вакви работи се прави добра групна тужба и заради казната што треба да ја плати ТРУЈАЧОТ - фабриката банкротира ... Но кај нас судовите ги штитат моќниците - а тие се во редовите на газдите ... кои не само судови ... тие финасираат и партии на избори ... и овие мора да враќаат ... тоа е и причината зошто најмоќните партии не ги даваат изворите на приходи при избори ....

Што работат належните ... што работи правобранителот ... што работи министерството за екологија и економија или кој е надлежен де .... Немаме луѓе и опрема викаат од таму за да ја докажеме опасноста ... мирис тешко се докажува викаат ... а очите што печат и грлото сто се суши ... сулфурот што мириса ... ништо ... ДО КОГА ??!!

Кои се најголемите трујачи - Граѓаните посочуваат на:
- ОХИС (делови од фабриката...)
- ЦЕМЕНТАРА (заради новата технологија на горење на гуми..)
- Помали погони кои топат олово, и други метали во несоодветни простории
- ЖЕЛЕЗАРА - поготово погонот штопроизведува феролегури ...

Ке ги едитирам сите загадувачи тука на овој пост а во коментарите ке наведувам со што загадуваат ...

НАРОДНА

Ова беше доста популарна “Детска игра“ од моето време. Долго време гледав дека ја наследија и некои други генерации на деца по мене ... Но во последно време некако не ја гледам нешто да се игра кај децава во мало ... Се игра со топка по можност “тешка топка“ – за што е погодна топка за ракомет – или фудбалска топка ... Кошаркашка топка е претешка ....

Правила. По некаков договор меѓу децата се бираат дваица “конзули“. Сите преостанати деца стојат во средина на обележано поле обично правоаголник (со димензии 4х8 м да речеме). На двата потесни краја на полието стојат конзулите... Тие имаат задача со топката да удрат некого од средните деца ... Маваат што посилно со топката – а богами пуштаат и вртени топки за да не ја фатат топката жива децата од средината ... Ако некое дете биде удрено два пати со топка од конзулите тоа е надвор од игра – “изгорено е“. Но ако некое дете фати “жива топка“ двапати тогаш горат конзулите ... и детето што ги фати двете живи топки – бира уште еден конзул – и одат на цртите каде сега тие маваат со топка - стануваат нови конзули ... Конзулите сега одат внатре во полето заедно со сите други деца и почнува нов круг на игра ...

Ако се предалеку децата кои како конзул ги маваш тогаш – може тактички да ја префрлиш топката кај другиот конзул – кој заради близината на децата до него може лесно да погоди некое дете во полето ... Е сега мајсторство е да ги пребациш децата – а да не ти ја фати некој жива топката ... мајсторство е и оној кој ја прима топката да ја прими во еден потег – за да има време веднаш да мава – према децата од средината/полето ...

Така требиш/гориш едно по едно дете од полето ... додека не останат две деца во полето ... Последните две деца ... по заслуга во нова игра стануваат конзули ... и почнува нов круг на игра ... ако во меѓувреме не те викнат дома за ручек :)

Играта знае да трае доста долго ... децата трчаат наваму натаму (трошат енергија и растат...) ... маваат и вежбаат удари со топка и прием на топка – што е многу потребно при игри како ракомет ... Често оваа игра ја игравме и на часови по физичко ... Има и доста смеење и забава – заради разни смешни ситуации ...

** Горенка (или во средина) е игра во која двајца си ја додаваат топката, а помеѓу нив стојат другите деца. Притоа двајцата се обидуваат при додавањето на топката да погодат некое од децата во средината, при што истото отпаѓа од играта и стои настрана. Меѓутоа, доколку едно од децата кои се во средина успее да ја фати и задржи топката, си фатил „лепче“ при што може да го даде на дете кое е погодено т.е. излезено од играта за пак да се врати назад, или да си го чува за себе, како бонус доколку евентуално биде „изгорено“ со топката. Се игра додека не останат само две деца во средина, со што тие стануваат „стативите“ Smiling:) - oksimoron

четврток, октомври 05, 2006

БУЛЕВАР

Еве и мене ми дојде под рака еден примерок од весникот БУЛЕВАР. За булевар веќе пишуваше Arwena – линк тука.

БУЛЕВАР сака да се представи себе како Градски информатор и да ги наведе севкупните случувања во градот.

Булевар го издава Фул колор Маркетинг – Скопје . Тел 02/3238701
Директор е Зоран Стојановски
Уредник е Ристе з.Рикан
Соработници се Александар Тодоровиќ, Трајќе Стојанов, Данило Коцевски, Искра Мишиќ
Графички дизајн Даниела Спасовска
Маркетинг Анита Расолкоска

Фотограф Кадар

Весникот е бесплатен
Излегува секој четврток и
Се дистрибуира преку колпортери кои бесплатно го делат по прометните места низ градот

Печати Цетис Принт – Скопје

Бидејки нема веб адреса има само меил адреса bulevar@mt.net.mk , се јавив на телефонот 02/3238701 и прашав дали имаат веб адреса. Ми кажаа дека моментално немаат но имаат во план – имаат веќе закупено и домен bulevarsk.com.mk - Дата до која е валидна регистрацијата: 28-03-2007 – но до сега не осетиле потреба да почнат и со веб издание ?!

Им кажав дека се приметени и пофалени од домашните блогери – но истовремено и критикувани заради немање на веб издание ....

Прелистувајки го весникот приметно е дека има доста рекламен простор што е нормално за весник кој излегува бесплатно.

Приметно е дека на културните активности во градот им се обрнува посебно внимание.

Ги прати активностите на Музеите и Галериите низ Скопје.. Работата на Филхармонија и МНТ, како и театрите ....

Осем што ги најавува дневните настани со сатница на случувањата – има кратки и подолги написи од минатонеделните случувања ....

Соработува со градската и општинските администрации и известува за актуелностите од таму ...

Навистина добар неделен весник – лесен за читање – релативно добара фотографија и дизајн (секогаш може и подобро...)

Мани.... Нема веб издание !!!??? ... и релативно слабиот квалитет на хартијата (но ова е нормално за бесплатно издание...)

Па нека му е со среќа излегувањето на БУЛЕВАР ...

МАЧУВАЊЕ

Кога јас бев дете – ова беше популарна игра – можеби поради популарност на филмовите од типот на “Три мускетара“, а можеби затоа што беше лесно да се направи меч за мечување.

Обично по дома или од дворот ке исечевме некое право стапче и кај подебелиот крај ке укрстевме помало стапче со некаво јаже, конец или евентуално шајка и оп - имавме спремен меч за мечување ... Ставаш мечот на каиш или евентуално подебела ортома на појас – како држач за мечот ... Трчаш на улица и бараш дете со меч и играта може да почне ...

Ова беше секако игра за машки деца – девојчињата баш нешто и на се палеа на мечеви и мечување .... Тие повеќе беа по куклите и други женски игри ...

Се случуваа и повреди од невнимание – но многу ретко ....

Правила. Одкога ке се договориш дека ке се мечуваш со некого (... ај ке се мечуеме ли ...) застануваш еден спрема друг и ги вкрстуваш мечовите. Победува оној кој со својот меч ке го допре телото на другиот мечувалец ... Неретко имаше мечување на повеќе “банди“ ... групи на деца од повеќе маала ...

Подоцна се правеа поубави мечеви од убаво измазнети тенки даски ... ех ... тоа беа мечеви ... реткост беа штитови ... (потешко се изработуваат..) ... Покасно дојдоа и пластично изработени мечеви ... но такви беа неколку генерации на деца после мене ....

Сега не гледам баш дека е популарна оваа детска игра меѓу децата. Дури мислам дека е тоа добро ... незнам зошто ... можеби заради воинствениот карактер на играта ... можните повреди ... и сл.

Но на времето од овие детски мечувалци се отворија неколку спортски клуба за спортско мечување ... имаше и некои добри спортски мечувалци ....

среда, октомври 04, 2006

ЏАМИЈА

Оваа игра ја играат-сакаат подеднакво и женските и машките деца и неретко ја играат заедно измешано ...

Се избираат две екипи од по 4/5 мина. Се црта квадрат на асфалт или земја сеедно. На средината од квадратот 1,5 м, се редат 5 плочки (една плочка 10 см.). Се редат една над друга (тоа го викавме „џамија“ а ние најчесто ги правевме од керамиди). Едната екипа, со топка, од определено растојание (7/8м.) се обидува да ги растури коцките, а кога тоа ќе и успее, другата екипа ги реди коцкоите-плочките (4 по аглите и една коцка насредина).

Цел на играта:
- Екипата што првобитно ги растураше коцките (џамијата), се обидува да ја изгради повторно џамијата, а за тоа време е попречувана од другата екипа (екипата што ги распореди коцките по аглите) која со топката ги удира оние што сакаат да ја изградат џамијата.

Играта завршува кога џамијата е изградена или кога се погодени сите играчи кои се обидувале да ја изградат џамијата.
...Хм... интересно е што како мал имам изградено еден куп „џамии“, а сега некој сака да им го руши детството и на оние што граделе „цркви“ и на оние што граделе „џамии“....

Ова појаснување на играта е од - RIBARO – со кого се договоривме кога ке се видиме, да честам пиво (што би рекол кумашинот мој-стар кафеанџија од Куманово “.. ќе утепамо ли по еднога скопјанца – скопско пиво де ...).

** Во Џамија има квадрат во кој се распоредуваат 5 плочки. Едниот тим го чува квадратот со топка за да не дојдат играчите-децата од другиот тим – да ја наредат џамијата, која се состои од петте плочки наредени една над друга ...

Ако те удрат со топката, надвор од игра си ... ама ако дојдат да те бркаат со топката некој од твоите соиграчи, може да дојде и да ја намести џамијата ...

Играта завршува или со редење на џамијата или со одстранување на сите играчи-деца од тој тим со удирање со топката ... тимот кој победил повторно напаѓа ...– Пишано во приватна порака

вторник, октомври 03, 2006

Бззззззз...

И ова е доста стара “игра“ ... ако така може да се нарече. Ја играат деца од школска возрастпоголеми одделенија на осмолетка и средношколска возраст ... Омилена беше и кај војниците при служењето на воениот рок ... Посебна драж има играта кога се изведува пред публика и тоа женска публика ... Каде пред нив се докажува кој е поголем фраер и се искажува телесната сила и спремност на “мажјакот“ при евентуалното придобивање на симпатии кај “женката“ ... (Вакви “игри“ играат и останатите животински видови – но тие се претвараат во борба на територии и придобивање на “симпатии“ на женките кои се спремни за парење) ... Ако се знае возраста на “децата кои ја играат играта “Бзззззз..“ – лесно ке се направи корелација межу борбата на животните за “женката“ и освојувањето на симпатии кај децатаа од адолесцентната возраст ...

Правила. Нема многу. По некаков избор едно дете “лежи“ – всушност стои со едната рака – најчесто левата рака под десната мишка (може и да ја смени ако ептен го здоболе раката од приманите удари :)) – спремна да добие шлаканица од друга десна рака .... Обично се тоа силни удари, понекојпат и толку силни што се слуша голем тресок а детето – момчето што лежи може дури и да падне на страна или добро да се затетура ... Е сега по примениот удар – ладејки ја раката и дувајки во неа - тој треба да погоди кој го има упатено ударот ... Групата што удара, обично солидарно го крие ударачот – имено сите се со исправени раце и викаат Бзззззззз ... и се кикотат – заедно со публиката од страна – обично девојчиња ... Кога оној кој го прима ударот ке погоди кој е ударачот. Тој го зазема место на “лежачот“ – детето/момчето што го прима ударот ... Ако не погодиш кој го задал ударот – останува повторно да лежиш ... и така до крајот на училишниот одмор ... Обично по силината на ударот лесно се погодува кој удрил ... но има и лажњаци ...

Не паметам случај оваа игра да ја играат – девојчиња/девојки. Машките не сакаат да испраќаат удари накој девојките – знак на нежност и џенталменство ... Може да се деси некое девојче и да те мавне – но тоа веднаш се осеќа по нежниот допир на женската рака ...

Кога го примаш ударот – вообичаено го стегнуваш телото за помалку да те боли и се спремаш да не паднеш – дури и мижиш со очите ... воколку ѕиркаш кој е позади и кој удира (значи мамиш), играта за момент престанува и групата те предупредува да го покриеш окото што гледа назад и да ја завртиш главата на друга страна. Групата знае и да побара да ја наместиш убаво раката која е ставена за примање на удар ...

понеделник, октомври 02, 2006

ЏАМЛИИ

И ова е една од омилените игри од моето детство. Се работи за игра која претежно ја играа малите машки деца, но имаше и девојчиња (машкаданки) кои ни се придржуваа во играта.

Правила. Има правила за неколку вида на игри со џамлии. Воопшто за да играш џамлии - главен услов е да имаш “џамлии“ - да имаш желба и да најдеш други деца што сакаат да играат џамлии ....

Самиот збор етимолошки укажува дека се работи за играчка која е составена од “џам“ - стакло. Значи се работи за округли Џамлии - изработени од стакло - кои се во разни големини - нормални Џамлии - мали “цимпури“ и големи “картали“ .... Стаклените џамлии се изработуваат од прозирно стакло а во внатрешноста на стаклото близу до средината се вметнуваат разни листови и други фигури во живи бои ... Имаше безброј варијанти на бои и фигури во внатрешноста на џамлиите - што им дава посебна драж ...

Имаше џамлии од метал - ги вадевме од разни лагери ... Овие беа добри за да пукнеш туѓ коњак - но и незгодни за некои други исфрлања (има правило да со онаа џамлија што си ја почнал играта играш до крај - ако не сте се согласиле и во текот на играта да имате право да менувате џамлии - коњаци... каде сепак најдобри се стаклените џамлии ... Во недостаток на џамлии по селата се играше со мали ореви или лешници ... или со природни џамлии од мали камчиња кои ги баравме по течението на реките и потоците .....

Џамлии може да се играат на ограничен - оцртан простор - во форма на круг (се оцртава со оштар камен или стап) или било која друга форма - квадрат правоаголник и сл ... или неограничен простор ....

Важна работа е “основната црта“ од која се почнува да се игра играта ..... и “шлајка“ ... е да шлајката се изработува најубаво со пета од чевелот. Ставиш “пета“ и со вртења во круг изработуваш мала вдлабнатина - која се нарекнува шлајка. Со зборот “шлајка“ во повозрасните периоди на човековиот живот добива и други значенија - но секојпат прво кога ке слушнеш шлајка те асоцира на Џамлии ...

За да почне играта т.е. редоследот на играчите кој ке биде прв, втор и т.н. играчите се редак кај шлајката и ја џиткаат својата џамлија “коњак“ (омилената џамлија која има и фетиш во себе) . Оној што ке биде најблиску до основната црта - ја цапочнува прв играта и така редоследно ... Битни се и милиметри од цртата . Се мери со методата “од око“ - а во критично блиски ситуации се мери со петици (фути), но за сични должини се користи и стапче - па со прстето поставено на стапчето се споредува кој е поблизок до линијата ....

Има и драматични ситуации во кои мора да суди некој кој ке се прогласи за судија ...

Значи оној кој е прв ја фрла џамлијата најблиску што може до шлајката - (важно во играта е да имаш шлајка - без тоа и да погодиш некого тој останува во играта се додека не влезе играчот во члајка) а се труди и од прв потез да влезе во шлајката ....

Другите играчи имаат различни тактики ...

Една тактика е да влезеш во шлајката со еден потег (со самото влегување во шлајката се изборуваш да почнеш да играш со променет редослед стануваш прв .... - во шлајката можеш да се одлучиш да “спиееш“ - што значи не се мрдаш од шлајката и чекаш погодна ситуација некој да се приближи до шлајката .... или можеш да отидеш на некое место во зацтаниот круг ... и да чекаш да ти дојде редот ...)

Друга тактика е да се тргнеш понастрана од близината на другите играчи ... Цели стратегии се равеа во текот на играњето ...

Кога сите што се во игра и сите со првиот потег се влезени во зацртаниот круг со првиот потег ... започнува играта со редослед кој како стасал до линијата ... или со изменет редослед ... Заборавив да кажам дека редоследот се изменува и во случај кога од основната линија со својот коњак некого си погодил од “тепка“ (директен воздушен погодок) или само ке го “цакнеш“ ( џамлијата оди по земја и во своето движење допира друга жамлија “цакнува“ ... “Те имам тебе и тебе“ ... е израз кој играчите меѓу себе го изговараат во текот на играта - додека не влезат во шлајка ... а означува дека си цакнал некого или си го погодил од тепка но не си влегол во шлајката .... А да погодувањето од тепка е со посебен бонус ... обично бонусот се изразува во ќарување на две џамлии ... ако играта се игра на “ќар“. А скоро секојпат се игра на ќар ...

Значи оној што влегол во шлајка и удрил од тепка некого или само го цакнал - ќарува една или две жамлии од оние кои излегуваат од игра .... Џамлиите ги чува во раката со која не игра - или ако се повеќе ги става во џеб ... се прави купче од џамлии во џеб кои даваат карактеристичен - мил звук на џамлии што удираат една од друга ....

Самото исфрлање на џамлијата од раката со карактеристичен покрет на една рака каде џамлијата оди во едно движење на палецот и допалецот и се исфрла врвот од палецот ... се исфрла силно за да се удри со тепка (ако тепката ја најавиш пред да го изведеш добиваш бонус уште една џамлија - но има и казна ако промашиш а си најавил тепка губиш една џамлија) ... Заради ова играчите те деконцентрираат додека го изведуваш ударот со разни магии кои ги прават со удирање на ногата пред или позади џамлијата .... Извикуваат одредени фетиш зборови кои ги користат за да те деконцентрираат ... Тука има доста и “иље“ (Илеџија - е играч кој не ги почитува правилата и игра по свои правила и не признава видни факти - со илеџија никој не сака да игра и затоа децата се трудат што помалку да се илеџии...)

Може да се исфрли и со технички дотеран удар (вртено) за да џамлијата дојде на некое посакано место или влез во шлајка ...

Спие“ и “шлајка спие“ е правило кое играчите го употребуваат во тактика да не се мрднуваат од место - кое по нивен избор е погодно или да не се мрднуваат од шлајката ... Ако спиеш во шлајка а некој влезе во шлајката, тој за да те ќари ке мора со еден потег-удар да те исфрли од шлајката ... Понекогаш се ствара збир на повеќе шамлии во шлајката и оној кој ги вади џамлиите е мајстор ако ем ја извади противничката џамлија од шлајката ем џамлијата сеуште останува во шлајката.... (вртен удар) ... со тоа тој повторно е на потег и вади друга џамлија или игра по своја желба ....

Колено“ е правило кога некој играч го изведува удар од своето колено - за да надмине некој природен сокривач на противничката џамлија - камен или висинка ...

Спотер“ е правило кога мавајки еден играч од тепка или со цакнување, имаш право повторно на следен потег, да удриш друг играч или да пробаш да влезеш во шлајка. Еднаш влегување на шлајка (имам шлајка) важи за целата игра (кругот на играта). Спотер може да направиш и со влегување во шлајка (имаше мајсоти за тој потег) , за да од подобра близина некого мавнеш од шлајката...

Ако излезеш од кругот - со твојот удар, зависи од правилото- договорот на играчите или излегуваш од игра а џамлијата ја даваш на оној кој ке победи во играта (оној кој последен некого ке исфрли) или застануваш на самата црта од местото каде си излегол ....

Резултат на играта секогаш е убаво поминато време со другарите и обавезно прљави раце - коготово на раката со која играш .... Обавезно следува добро миење на раце со сапун ... На јаките играчи со џамлии секогаш десната рака им е прњава - поготово делот на зглобовите на секој прст кој за друга прилика служи да каже кој месец колку денови има ....

Весели се оние играчи кои се шетаат со полни џепови џамлии и кои успеале да го ќарат и коњакот на противничкиот играч ... Џамлиите беа ефтини и другиот ден оној кој ги изгубил сите џамлии оди и во трафика купува нови жамлии ....

Во текот на играта од меѓусебните удари џамлиите и се оштетуваа од силните удари од тепка - и само колки тага имаше на лицето на играчот на кој му е оштетен коњакот ....

Некој нека ме потсети во коментар - за правилата на играње на џамлии со “мор“.... или некое друго неспомнато од мене правило ... може да опишете и некое ваше доживување за играта ...

Јас џамлии играв и со моите деца по дома ... Но домот не е природна средина за играње на џамлии ... тие одат под незгодни места (под кревет, ормар или сл..) и ке ги пронајдеш дури кога ке кречиш или со генерално чистење на станот ... А може и да стапнеш на џамлија и да се испружиш на патос ...

Video Bar

Loading...

Blog Archive